Вива ла Грета!

Грета, девојчето од Шведска. Кое како Дон Кишот јуриша против имагинарниот ни непријател, т.е. против сите нас. Да, човековата околина сме ние, човеците. Никој не дошол од друга Галаксија да ни го ебе мамето, сами си го правиме тоа.
Јас ја жалам, Грета. Момето е инструмент у некоја мацана игра и за некоја година ќе заврше ако не “на шише“ ама обавезно “на шприц“.
Оно, Грета, секој петок не одела нашколо и шета со реклама «Fridays for Future».
Петок, 14ти Ф тори.
Човекот е “гевонхаитстиер“ (Gewohnheitstier) – воа е ѓермански и значи животно од навики.
Стани су утро порано
дојди си вечер покасно
цел ден на мобиЉката штракај
пред легнување на кабел стави ја.
….
И ете, се случи. Пред легнување заборавиме да ја ставиме, да се полни, мобиљката.
И сабајлето, ПАНИКА!!! Сај едноцифрени проценти!!! Ај дури се одмииме нека се полни некоја минута дури тргниме на работа, у фирмата после лесна работа, има уред за полнење….
Стигнуваш на работно место. Пушташ кафе. И ти станува јасно дека мобилниот уште се полни. Дома.
Си работиш, без мобилка, без интернет, без поглед кон Светот.

За среќа го имаме најубавиот (добро де, втор најубав) поглед како сепарација у Швајцарија.
Ти да видиш колку време имало у еден ден!!!
Шо работи си завршиме, заостанати, не толку важни оквалификувани. Чудо!
Сега сум на мисла да уведам секој петок да го “заборавам“ мобилниот дома.
Сакам да формирам и движење “ФраЈдеј фУр забораФ“!
Сакав да и се јавам на Грета, да питам како одат тиа работи.
Ама, немам телефон…
Дома е, се полни. На скапа струја, најобична, од хидроцентрала…
Шознам дали да и се јавам, да не а навредам, оти не и се јавувам со ЕКО- БИО- струја ???