Загубено магартто…

На времето, кога ќе сретниш некој разочаран, не мотивиран, човек шо не знае како натаму, секогаш викаме, “изгубено му е магарето“. Некои човеци со “изгубено магаре“ ни на крај памет одпосле не си ги ставал, ама кај некои си се замислувал и си барал одговори зошто или шо го има донесено на тоа амле.

Магарето иначе како добиток, поточно речено корисен добиток, од секогаш било столб на ногу народи. Оно е едно од ретките кои има така добра “енергетска ефециентност“ шо би се рекло денеска. Со толку малку храна и нега, брка доста работа. Понекогаш е и тврдоглаво, ама можеби има нешто револуционерно во себе и ја сака слободата и самоопределувањето! ?!?!
Тогаш помага стапот, шо викаше дедо Мане (Мане Бегнишки): “синко, со магаре нема ногу дискусии и демократија, треба стапот да играе!“

У денешно време, време на “КОВИД 19“, “Г5“, интернети, “социјални мрежи“ и машини за пребарување, денеска на ден Велигден, лето Господово 2020, се осеќам како и мене да ми е изгубено магарето.

У сета трка, уште сабајле да се изнаодговоре и да се изнапише поздрави и желби на наши пријатели по социјалните мрежи, скоро и да ги заборавиме НОРМАЛНИТЕ ВРСКИ.

Човеци, замислата на некој, да не контролира на “ентер“, полека ама сигурно се остварува…