ПорноФОТОграфија

Презентирањето на човечкиот сексуален акт со цел да се возбуди посматрачот, се вика порнографија. Зборот “порнографија“ потекнува од грчкиот πόρνη – pórnē  КУРВА и γράφειν – gráphein ЦРТАЊЕ

Почеток на 21ви Век. На едно од моите (нашите) многубројни патувања од дома до дома, во автомобилот слушам, како секогаш, некое си локално радио. Јас немам омилен пејач и моја песна. Јас немам “микс за во автомобил“ или било каква “плаај лист“ и да го слушам сај тоа. Јас го обожавам старото добро квалитетно радио. Ја пушташ ти омилената радио станица и слушаш. Или како шо реков, на патувањата барам радио станици кои имаат одмерена програма на убава музика и салам муабет.
Да се вратиме на ноа: “Почеток на 21ви Век. На едно од моите (нашите) многубројни патувања од дома до дома, во автомобилот слушам, како секогаш, некое си локално радио.“ Некаде после Лесковац на автопатот за Ниш, Белград. Слушам радио и интервју со “водачот“ на групата “ГАЛИЈА“. У тоа време, естрадата во Србија беше падната не на нула туку на просјачки стап. Убави квалитетни групи, помеѓу кои и ГАЛИЈА, идеа у Македонија и свиреа за “смешни пари“. У таква ситуација, водителката го прашува Ненад (мислам така се викаше) како се справуваат со настанатата ситуација и “конкуренцијата“ од “народњаците“? Одговорот беше:

“Немаме проблем со народњаците или фолк музиката. Моментално они подобро заработуваат и тоа е факт. Но кога би зборувале за квалитетот кој се нуди, тука имам некои забелешки.
Додека народњаците тераа фолк музика Светот беше во ред, дури и поп-фолк музиката предизвикува позитивни чувства. Со појавата на диско-фолкот некако човек ќе помисле, добро, шо да правиш, народот бара нешто свежо. АМА со појавата на “ПОРНО-ФОЛК“ музиката, работата ни е дефинитивно забегана.“

Нормално, прашањето на водителката беше: “шо е тоа “ПОРНО-ФОЛК“? Одговорот беше во стил: “кога пејачката повеќе “блеска“ со цицките и газевите отколку со гласот, тоа е силување на музиката“.

Скоро во исто време, на почетокот на 21-от Век, дигиталните фотокамери постанаа достапни за широките народни маси. Гого, како љубител на техниката и фотографијата, се истрча меѓу првите и си набавив дигитална фотокамера. Тоа беше солидна компактна камера Canon PowerShot S40, која во пакетот имаше батерија, полнач за батеријата, неколку каблови за поврзување со компјутер, телевизор, компактфлеш (CF) картичка со “невероватни“ 8 МВ!!! КАКО И: Adobe Photoshop LE!!! Програмата, која за првпат у мојот живот тогаш ја запознав, можеше да ја затемни, осветли фотографијата да ја “исечиш“ или завртиш фотографијата и уште неколку други работи за у тоа време – напредни.
А да, со Adobe Photoshop LE можеше да се намали и “големината“ на  дигиталната фотографија, од некои си 600 – 800 КВ на помалку од 100 и така за неполн час да ја испратиш по интернет дури до Македонија!!!

Дваесетта година од дваесет и први Век.
Фотокамерата не е веќе компактна и наместо 4 има 24 мегапиксел. Интернетот фотографиите и ако се по неколку мегабајти, ги испраќа на неколку секунди.
Но фотографијата е таа. За мене фотографијата уште е израз на моментот. Да, со фотокамерата го “цртаме“ моментот.

Е сега. Во меѓувреме од “двуица без труица“ некогаш, у денешно време СИТЕ од селото фотографират. Дали со фотокамери, мобиЉки, разни врсти на компјутери и уреди… сѐ живо и диво се фотографира. Исто така Adobe Photoshop постана моќно орудие за обработка и “отуѓување“ на фотографираниот материјал. А HDR функцијата ја имаат и “мобиљките за деца“.

И сега. Сега се случува “силување“ на фотографијата. Во недостаток на квалитетен материјал (глас) се “однадуат“ фотографиите до несвест. Со цел да се предизвика возбудување кај посматрачот, а во недостаток на глас, се покажуваат цицките!!! Со тоа настанува од фотографија, ПОРНОграфија или поточно порноФОТОграфија. Да таквата фотографија предизвикува возбудување. Ама кај некои луѓе (се надевам не сум сам) возбудувањето е во негативна насока… Мене ми се нај сакани ниа шо викат “мене така ми се допаѓа, и јас недавам на никој да ми кажува како да се изразувам уметнички“ –срцки се.

Се повеќе и повеќе и насекаде се појавуваат фотографии, силувани, од не надерени самонаречени уметници. И тоа нема да биде проблем да нема човеци шо мислат дека тоа е убаво.

Да се разбериме, јас немам ништо против уметниците кои вистински се занимаваат со компонираната или фузионираната фотографија, ама ниа шо на АААЈЈ фонот 5 С’ ќе шкрапнат нешто и после ќе завртат боја и контраст на “шестка“, е од тиа ми се згадува – фотографијата!

“АМА со појавата на “ПОРНО- ….  , работата ни е дефинитивно забегана.“ ….