Феријален Сојуз

При крајот на минатиот век одеме на одмор у Охрид. Обично во летувалиштето “Младост“ кое беше дел од “Феријалниот сојуз на Југославија“. У тоа време ногу не се мислеме шо значи тоа феријален сојуз, едноставно тоа беше место за одмор. Одеме со автобуси (во народот познати како и аЛтобус или реис). Самото патување беше авантура. Се тргнуваше сабајле у 5 – 6 саатот за да не не фане жешкото и се патуваше добри 7 – 8 саати. Првата пауза, Плетвар. Ако сѐ оде добро втората Ѓавато. И така околу ручек од каа ќе не фанеше жешкото стигнуваме.

У тоа време исто така неможеме да си претставиш како му е на оние шо одат на Јадранот, у некое тамошно одморалиште на “Феријалниот сојуз“. Тоа беше далеку, ногу далеку. И од таму, и од таму, основни “фалби“ беа разгледниците шо ќе ги испратиш на најблиските, некое ефтино сувенирче и приказната, ако ти се потрефе да те извикат и да ја прочиташ првата писмена по Македонски во новата учебна година – “како го поминав летото…“

У денешно време, човеците за ферија – одмор, дури после бајаѓи години го поврзав ферија (одмор) со феријален сојуз, одат од Монт Еверсет до морските длабочини на некое си море околу Египет  & co.
Фалбите стигнуват моменталистички, преку фацебук, инстаграм & co.

Лето Господово 2020. Клета корона не нападна. Сите Феријални сојузи од цел Свет си патат, немат гости. Секој си седе дома или на своето.
И ОП!
Наеднаш СветЦките патници, истражувачи и туристички експерти ми ја објаснуваат и раскажуваат Швајцаријата!!!
Деца, ви додека се акате по белосветцките аеродроми и пристаништа, јас со го пиев утринското кафе на превојот Клаузен, на “мојата клупа“. Јас додека ви објаснував дека најубав одмор може да се помине у Швајцарија ви ми се смеете!

Ногу е интересно како човекот е прилагодливо животно, да не речам мачка шо не паѓа на на грб. Сега истите тие шо до пред некој месец го знаеа само патот од дома до работата и евентуално до аеродромот ми објаснуват колку убаво си поминале на места у Швајцарија кои “они ги откриле“ ?!?!?
Иди бегај бе!