Да и го искоронам на мамицата ви!

Се ближат летните одмори, уште месец, два, и треба да се оди за Македонија. Припремите наголемо. Да се набави по некое поклонче, за сите по нешто. Нарачките од блиските исто така не смеат да се заборават. Што требаше за куќата? Некој термостат, а да и телефон нов, стариот нешто грче, не се слуша добро. За чоколада и кафе има време, тоа не една недела, две, пред тргнување. Зелен картон исто така да се организира и визи.
И како швајцарски часовник, стомакот. Почнува да боли 5 денови пред тргнување. Оно до душа се е веќе спремно, ама не пеперутките во стомакот туку црвци работат.
И така година за година… Со годините припремите се намалија, роднините и пријателите се намалија, нарачките опаднаа, тремата и болките во стомакот ги снема. Визи и зелени картони веќе никој не бара.
И ОП!!!
2020-то лето Господово.
На 28 саати пред почеток на “официјалниот одмор 2020“ од одмор ниту “О“ не се осеќа. Во стомакот ниту пеперутки, ниту црвци, само бес и гнев!!!
Таман си го фативме редот, без визи и без нервози да може да се патува по тоа парче земја наречено Европа и Балкан – ОП, некои нови ограничувања.

Мамицата да си а ебите, да си а разкрвавите!!! Сите вие изроди што а измислите Короната, Ковидот 19, мерките за спречување и раширување на истиот, како и забраните и ограничувањата. Начекате село без кучиња или кучиња кои се затрајуваат со неколку написи по таблите кои вие ги контролирате и пишувате и сега сите ние ќе го играме орото кое вие го свирите !!!
Да короната е опасна, се умира од неа. Тоа ни во една точка не е спорно. Ама и СИДА-та е смртоносна, и ракот е смртоносен, и шеќерната болест е смртоносна, и сообраќајот е смртоносен, и војните се смртоносни, и на работното место може да погинеш, може трамвај да те згази, може змија та де клукне, може некој психопат да те утепа (во Америка и некој полицаец дури!!!), …
И дека, секој еден од нас, еден ден ќе го напушти овој Свет е НАЈСИГУРНОТО нешто на овој Свет!!! Ама до тогаш, има идиоти кои си играат со судбините, чувствата и душите на ногу други…
А бе, каде се тие времиња кога се слушаше САМО Бранка Станковска? Каде се тие времиња кога “ЦК на КПЈ“ беше сѐ и сешто. Ова денешново, со “експерти“ и “стручњаци“ за секоја пора од животот преку ваквоата ми е. Не сакам да бидам дел од стампедото кое го с’скат медиумите и “социјалните мрежи“ – ама изгледа нема друг избор. Или ќе си трчкаш со нив, или ќе те згазат…

Социјализмот и социјалистичкото општество не им одговара и го ништат каде ќе стигнат и успеат, ама “социјалните мрежи“ му се убави за “контрола на масата“