Ногу малигани

“Ами со професионален апарат и ја убави слики ќе правам!“
“Лесно е со професионален апарат да правиш убави слики“

Вакви муабети се изнаслушувам. А од друга страна тоа воопшто не ми смета. Затоа што јас фотографирам од мерак не за пари – професионално!

Барам Македонски збор за “DSLR“ ама тешко оде.
Да, Македонски назив/име за некоја техничка работина обично нема. Ногу сме си “удобни“. Си презимаме “оригинални“ означувања и после це утепаме на “ќирилично“ да запишиме нешто. (штрафцигер, цанга…)
Значи, виа фото камерите, на кои им се менува објективот и кадарот пред да го фотографираш го гледаш преку огледала и призми, ќе ги наречиме професионални.

Е сега да се вратам на ниа првите реченици, НЕ мојата фото камера не е професионална, она е “DSLR“ ама професионална не е. Професионална би била кога јас како штракач на неа, би заработувал пари со неа и фотограф би ми била професијата.
Да, и јас можам на фотографиите направени со неа да “закачам“ : Ristovski Photography ама тоа ќе ме тера на ниа работи,  исто каа кога ќе се напииш млеко и после цреши јадиш …

Нека а таа.
Новите движења на пазарот на фотокамерите ме натераа на виа мисли затоа што мојата најсакана марка CANON оваа есен на пазарот понуди две три работи, ама за “професионалци“!!!
И сега, ново понудените играчки, не се само фото камери, туку стварно “професионални фото камери“ и додатоци…
Тоа човек може да го заклуче од цените по кои ги продаваат. А цените, срамно високи.

Од една страна не е интересно веќе, треба стварно да си професионалец за да би купил понова технологија, ама од друга страна па се прашуваш: зошто мора секогаш да биде најновата технологија, и за шо ќе ни треба?

Во последно време за секојдневна употреба на социјалните мрежи, дури и само камерата на мојот “интелигентен мобилен телефон“ брка работа.

И така, Гого ќе чека да дојде втора или трета генерација на безогледалните фото камери или барем да бидат достапни (економски) за НЕпрофесионалци како мене.