Вакум

Вакум, а може де се разбере како “факуум“, а може да се поделе у “фак у ум“ и на крај човек може да го разбере: “не ебат у здрав мозок“

Февруари, лето Господово 2021-во. Веќе скоро точна една година како најновата верзија на грипот позната под развојното име “Ковид 19“, рие по Светот и ни го растури секојдневието.

Како деца почнаме да возиме моторчиња. Јас ја имав таа привилегија да моите родители ми купат TOMOS Automatic 3m (со две брзини!?!? – зошто 3m ???). У тоа време имаше и таканаречени PONY Express моторчиња и секогаш имаше конкуренција помеѓу тие два табора! Тиа Пони моторчињата не беа толку “стартни“, ама на рамно и на подолги стази залетуваа повеќе од аутоматикот – беа побрзи. Нормално почнаме да кроиме планеви и почнаме да го “фризираме“ – појачуваме аутоматикот. Главен извор на информации беа “Ауто свет“ и “искуствата“ на старите кавадаречки моторџии, Замбата, Бенџо, Караџата, Боро, Миле, …
И од сите тие извори добиваме по некоја информација шо и како може да се оптимира, АМА СИТЕ! истото го викаа: “прошири, по истругај, отвори, АМА ПАЗИ ДА НЕ ПРЕТЕРАШ!!!“
Да, неколку пати претераме, шо предизвикуваше да се набавуваат нови делови… 🙁

Да, таа филозофија е дел (неизбежен) на Универзумот. Сѐ шо ќе се претера – не е убаво.

Баш така се осеќам сега, во ова време – невреме. Се осеќам како дел за експерименти на некои си “виши“ сили кои со нас, Човештвото експериментираат до каде можат да одат, да не “бушат“?!?!? И до сега убаво им оди. Не ставиа у ред, под контрола со оправдување дека не бранат / пазат од ова зло!

До пред некоја година, за да стигниш до Македонија ти требаа неколку документи и визи, исто и за назад до Швајцарија и таа стара курва Европа.
Таман сѐ помина, визи, разни документи и услови – ОП! Грип! Ајде сите пак “под  контрола“ и трчи по документи и “визи“. И така и ќе биде во догледно време.

Таа ситуација на неизвесност и без перспективност условува да бургијата на некој му влезе повеќе, на некој помалку. Но во секој случај предизвикува немотивираност кај СИТЕ.

Синоќа седнав да после месец и кусур конечно го “заокружам“ проектот “Една година – еден објектив“ и ги одберам најдобрите фотографии настанати ланската година со 50 милиметарскиот бојектив. ТИКВИ!
Само после неколку минути фотографиите предизвикаа немир во мене. ТОЧНО се гледа до кога биле фотографирани во нормални услови, а кога во услови на “Вонредна состојба“. И повторно мислите забегаа во неконтролиран правец. И повторно се јавува вакум – бесцелност и бессмисленост …

До кога бе? До кога ќе не рибате со заштитни мерки кои оставаат само “дупки“ у нашето секојдневие.

Кога? Кога и каде ќе пукне ваа?

Јас би ги замолил: “де Бате, де не ме брани веќе!!!“

И така фотографиите останаа не средени…

Фото лабораторијата чека да биде направена…

Моторот чека зимска нега…

… чекаме! чекаме посветли и поубави денови!