14 февруари 2021

недела, 14 февруари 2021, Св. Трипун.

Не, не ми е грешка напишано. Јас така си го знам. Така баба Зора го кажуваше. И тоа беше денот кога паричката од погачата за Бадник се носеше и закопуваше у лојзто. Да, баба беше таа шо ни ги објаснување празниците и обичаите. Како она ги знаеше и како она ги разбирала. Немаме веронаука у школто, а и поповите несмееа да расправат за религијата, за атер на Тито.

После некое време кога Македонија се остамостали, кога почнаа да заживуват поголемите лозарски имоти, и кога власниците на тие имоти беа европски ориентирани ваа работа замре. АМА, со изумирањето на социјализмот и развојот на социјалните мрежи се отвори поле за презентирање на традицијата на лозарите/винарите…

И така дојдена е колуминација на лигавењето со Св. Трифун и ВалеИЈнтајн, или мешавината на двете. Наеднаш СИТЕ граѓански организации од лозари, винари, уметници, боеми, пијачи, свирачи, глумци, и … шо уште не, го прогласија Св. Трифун за ногу важен датум.

Гледам како од година на година се на појако се уклучува празнувањето на Св. Трипун. Гледам како “по повод големиот празник Св. Трифун …“ сите сакат да привлечат внимание. Ваа година почнаа “по повод празникот св. Трифун“ уште од четвртокот да се собираат, секако “се одвиваше исклучиво според Протоколите за работа во време на COVID – 19: за сите посетители – носење лична заштита на лицето (која не мора да се користи исправно), дезинфекција на рацете (ногу битна работа), одржување на растојание 1,5 – 2 метри  (ама метрите не мора да се баждарени- може да се земе некое растојание и да се рече дека е два метри) и ограничен број на посетители“…

НЕ. Со години не се сликувам за Св. Трипун со маказа у раката и пред некоја лозница. Не, не се осеќам дека Св. Трипун е мој празник. Имаме, кажано у минато свршено време, лозје. И тоа пристојна површина. Површина да истераш и Св. Тифун и сите други светци за и околу лозјето, виното, ракијата па и маџунот. Ама од кога не влечам прачки, не го влечам маркушот, не влечам вреќи, нема шо и да се профилирам или мешам у прославите на другите.

Секако, во слава на Св. Трипун, празник кој беше и мој и кој уште е на мојот календар на празници, се напими ракија, две, три … и помислиме и се потсетиме на некои времиња убави, минати…

Едно прашување до лозарите:
– Се знае ли цената на смедеревката за оваа година?
За тоа што кога цената на грозјето ќе се знае за Св. Трипун, тогаш ќе имаме лозарство! Воа другото сето е “терапија“!

Ај за ногу години денот!

Св. Трипун у Швајцарија.
И тука има првославни Христијани кои Св. Трипун го фаворизираат пред ВалентАИЈН. До пред некоја година и јас посетував мои пријатели кои имаат по некоја лоза и во чест на празникот се собираме и го одбележуваме. Оваа година, година на ограничен број на собрани, не отидов таму за де не им земам место на човеците кои имаат поголема потреба од тоа.
Ние прошетаме по северот на Швајцарија кој требеше да биде потопол отколку во подножјето на Алпите – ТИКВИ! Ладно кочан и таму, на северот и ако сонце грееше. Прошетаме покрај Рајна и нејзините водопади кои зрачеа “топлина“ (водата течеше шо значи има повеќе од нула степени), апнаме кобаски во Цирих пред операта, стоечки (исклучиво според Протоколите), кафе не частеа Благица и Марјан кои случајно не сретнаа, и така поминаа празниците и кавурскиот и тиа другиот…