треЌи ден

Еве треЌи ден кај седам пред воа компјутерот и никако да курдисам.
Бе у Кавадарци, у Македонијата (моментално “северна“) и право да си кажиме не изнаправив фотографии како шо мисле. Едно 6 – 700 само. Не е ногу, дури скоро ич. Ама за да фотографирам, јас, треба да ми се фотографира. Не сум од ниа шо сликат на норма – свадби и слично. А беме и на свадба. И таму човеците шо седеме на иста маса, со кои убаво се познаваме, сите поединечно ме испрашаа “а каде ти е камерата?“. Да, бе на свадба и оставив да платените фотографи си ја бркат работата. Камерите, две, беа во колата…
Нејси. И така секој понатамошен ден, некако фалеше мотивација да се фотографира. А и шо?

И сега гледам покрај сета немотивација и воздржаност од тиа 600 и кусур фотографии ООООП, има прекрасни. Добро де, прекрасни по мој терк. Не, нема од ниа “драматичните“, HDR-исани до не оде повеќе и од ниа со сценографија каа за матурска…
Јас каа почнав моите фотографии, преди 12 години, да ги изложувам по Цирихот важно ми беше да фотографијата настане у мојата глава уште пред да ја земам фотокамерата у рака. Тоа беа времиња каа уште трошев филмови. Штракниш, нарачаш фотографија и дури после некој ден ќе ја видиш шо испаднало…
И така таа навика ме “маче“ до ден денешен. И ако веќе пред повеќе од 15 години почнав да фотографирам со дигитална техника (у тоа време компактна фотокамера со 4 мегапиксел!!! и цена со која денеска може да набавиш професионална опрема) и повеќе од 10 години со дигитална “SLR“ камера, мене ми остана она, фотографијата настанува пред шкрапањето.
Признавам, имам и фотошоп. И признавам, го користам. Ама има само две – три “дугмиња“ шо ги користам. Ноа да ја “пресечам“ фотографијата, другото е ноа за да ја осветлам или позатемнам фотографијата и моето најсакано дугме (кое и најмалку го користам) да ја поправам одлуката на камерата да слика во модус на блиц сред бел ден (одредување на белата боја).

Јас сум си убеден дека фотографијата шо јас ја правам у прв ред е документарна. За да се развие во некој друг правец, па дури и во правец на уметничка фотографија треба она самата да си ја изработе улогата. А тука е прашање кој колку ја “гледа“ фотографијата? Дали стварно ќе се заинтересира за фотографијата или ќе го хипнотизираат боичките.
Нормално, у денешново време на најлонски ќесиња, масата нема време да размислува, конзумира набрзина и заборава уште побрзо. Па џиџаните работи се тие кои брзо и не квалитетно се забележуваат…

Не, јас нема да ги унакажувам моите фотографии. Не јас нема да го чепкам дугмето HDR. И да, јас ќе ги презентирам моите фотографии во целата нивна невиност и чистина. HDR-исувањето и собирањето на лАЈкови ќе им го оставам на другите…