месецот два

02.02.2020
беше, вчера.
И нумеролозите одма открија дека тоа е специјален датум! Нешто слично бил 01.01.1010 (виа нешто ногу дигитално ми личе!!!). Јас за виа датум 02.02.2020 си земав за задача да направам 202 фотографии – ТИКВИ! Ни до 100 не стигнав. Ама фотографирањето, слободното, сака околности. Исто каа кога беме деца, ногу сакаме да се санкаме, дали тоа ќе беше на “Ѓермански рид“ или на Тепето или било на која странка околу градот важно за тоа, санкањето, беше да има снег! Ама немаше секогаш. Така и со фотографијата. За фотографијата е потребна светлина. Ама како шо има снег и СНЕГ, така има и светлина и СВЕТЛИНА. А од друга страна нели викат, сѐ шо е ногу не е убаво. И за тоа од планираните 202 фотографии испаднаа само едно 60 – 70. Да теоретски гледано и рачунато 202 фотографии човек (камерата) може да ги исштрака у 30 – 40 секунди. Ама тоа не е тоа. Нели сакаме да бидат фотографиите “корисни“ 😉
И така остана да чекаме да дојде некој 03.03.3030 за да направиме 303 фотографии.
На почетокот од ни ова лето Господово, 2020-то, си земав за цел оваа година да не го користам фацебукот и цела година да фотографирам само со еден објектив. И како секој пушач шо вика дека од ваа година ќе престане да пуше, или ниа шо се зарекуват дека нема да пијат, така и јас не издржав ни еден месец. Добро де, ако беше јануари февруари, ќе беше месец. После 30 денови не можев а да не се уклучам на фацебукот. Од една страна шо и покрај тоа шо уште го рачунам фацебукот за тотално злоупотребен, сепак е една платформа шо уште трпе да безплатно споделуваш фотографии со пријателите. А исто така и ако само на една рака се бројат тиа шо приметија дека нема пресни сликички, пак побудува желба да ги обелодениш фотографиите кои се секој ден се повеќе и повеќе…
Да, ќе ставам повторно по некоја фотографија на фацебукот, како потсетник да ги посетете другите ми “таблоа “  😉
Плус секогаш ќе има нешто актуелно да се споделе…
А, да. Ќе ми извинат СИТЕ “фацебук пријатели“ шо нема да им ставам “лике“ или смешки, ниту па коментари на нивни содржини шо ги “препишуват“.
А наа втората работа “една камера, еден објектив“ уште ќе пробам да ја истуркам до крај т.е. една година, и убеден сум дека е можно, затоа што од ден во ден станува навика т.е. ги разбудува ниа навики и чуства како преди 30 – 40 години…  Ќе биде интересна година. А бидејќи денеска фотографии може да правиш у неограничени количини – це потрефе нешто 😉

Еве моментално сум и припреми на една малечка изложба овој месец па пак се побудува желба да се прават убави фотографии и за следна или некоја друга …