Школо

“Пред осум години го купив првиот мој фотоапарат. И одма ја открив љубовта кон фотографијата. Секојдневно фотографирав и собирав искуства. Многу работи самиот научив од разни списанија, книги и интернет. После неколку години мојата љубов кон фотографијата ја направив и моја професија. Зар има нешто поубаво на Светот од тоа да го работиш тоа што го сакаш? Да одењето на работа не ти претставува обврска, туку задоволство.
Сето мое искуство сакам да ви го пренесам и на вас. Никогаш во живото не велете дека нешто е невозможно. Каде има волја има и пат. И со вистинска љубов се стигнува на секоја цел….“

И така натаму, уште едно пола саат – саат, ќе те масират на психолошка основа, плус една добра самопофалба каде сѐ сликал “мајсторот“ во неговото БОГАТО фотографско живеење, за да у две минути ти каже дека блендата 8 е добра, ама од ситуација до ситуација треба сам да откриеш која е најдобра.

Вака почнуваат и траат скоро 98% од така наречените “вебинари“, курсеви и уште не како крстени собрании по социјалните мрежи и интернетот. Условени од глобалната ситуација, предизвикана од вирусот Ковид, и со препораките на властите да се избегнуваат собрании, месечната средба со другарчињата од фотоклубот веќе неколку месеци е префрлено на интернетот.

Па така си викам ајде дури дремиме дома пред компјутерот да се уклучиме во некој вебинар, некој курс или слично шо се нуди по социјалните мрежи.
А таму шо ќе видиш и доживеиш! Сѐ шо има компјутер, камера и муцка каа за на пазар, ти го пренесува своето “искуство“ со цел да ако како некое рипче трзниш на неговата кука ти извлече некој паричка од твојот џеб. А такви, барем во германското говорно подрачје, еден куп. Јас мислам дека секој шо има купено “професионална фото камера“ и добил 68 лајкови на некоја си страна “специјално“ за фотографии одма се осеќа повикан да отворе школа за фотографија и да соле памет, …

Не се они криви. Воа непрегледното “поле а културна размена помеѓу човеците“ наречено интернет СЀ и секој трпе. А од друга човечката љубопитност па ги поттикнува виа другите да мислат дека се барани.

“Секое школо се плаќа“
Тоа мене ми е јасно, ама и јас знам колку би сакал да платам за некое школо.
Последното школо беше скапо, 25.- € и два и пол саати истрошено време.
Прво, каа се фана на орто, си викам добро е, 25.- € , плус од Canon официјално ќе расправат за програмата која со години ја игнорирам, а морална е за Canon. Си викам ајде ќе откријат некоја финта! ТИКВИ. Ѓоката шо расправаше за програмата, можеби е добар фотограф, оти едно 20 мин. расправаше како сѐ и секој низ цел Свет фотографирал, ама технички – грехче. Стварно ми беше дури мене срам. Имаше шест учесници во курсот, и секој од нас му постави барем по едно прашање на кое мораше да одговоре “тоа не го знам, ама еве запишав и ќе го разгледам со колегите“ … Брату, дека со HDR дугмето, се активира HDR функцијата го знае секој, или ако не ти се чита упатство, у денешно време е доволно стрелката на глувчето да ја ставиш на некое место и чичко Бил ќе ти каже шо работе таа површина.

И така човештвото чекори, полека ама сигурно, кон ако не самоуништување, барем кон самооглупување.

Ајде друга пата ќе напишам за “5G“, чипување, бришење на вкусовите и слично…