лајк или лајф

Коа це однаде, и ако ти текне да однадиш нешто пред клемите да ти се одкачат, може и нема да се однадиш….

Ставаш сабајле и уште пред да отидиш да си измочаш, грабнуваш мобиЉката за да провериш кој ти ставил лике, кој срце… Па ајде да се отчетиш, стави и ти некаде лајк, некаде срце, некаде коментар.

“Не, не сум јас зависник на интернетот!“ – ТИКВИ

Каа це преслушаш, ќе видиш дека сето тоа не ти праве арно.
И после ќе почниш да се “браниш“ ама не интернетот крив за сѐ, ами воа, ами ноа … И ОП! Си загазил, здраво загазил у непознати води (да не речам у гомна). Ќе осетиш дека и ако не повраќаш како каа це опииш од ефтина ракија, општата ситуација предизвикува непријатен осет од меот преку градите до мозокот, кој се повеќе и повеќе е под контрола на “чичко Цукерберг“.

И така пак ќе си ја запеиш: Затворите све кафане… и ќе се надеваш дека душичката ќе ти се смири.

Затоа ИСКЛУЧ фацебук, ИСКЛУЧ инстаграм, ИСКЛУЧ сѐ и сешто од кое си “зависен“. Тешко е, еве скоро 30 саати не сум уклучен, ама секоја терапија е тешка, поготово терапиите за зависниците!

Може нема ни три дена да издржам, ама моментално сум решил да си свиркам каа пред 10 години. Па и тогаш си живееме и убаво ни беше.

ЗНАМ времето се менува и оде напред, ама некако на тоа оро полека веќе ми се меша тактот…

Затоа следниот период, колку ќе можам вака да издржам, ќе го трошам времето на други работи, И, ќе пробам да откријам некои “тајни на животот…“