нов

“Денови ли се денови,
аргатски маки големи …“

така беше пишувал еден Македонски писател. Знам сега да е воа на некоја социјална мрежа напишано, со можност за коментар, одма ќе се “подадат“ експертите и ќе речат: не е писател, поет е! Ама оти прибидејќи човекот неговите мисли ги запишал, за мене е писател, да не речам пишувател. Таму околу почетокот на годината пробав и не успеав да се одтргнам од фацебукот и слично.

Денеска, 12. 08. 2020 пак. Пак нешто у мене направи клик, и исклуч. Ама ваа пата се надевам ќе биде подолго од три недели. Еден муабет изврши активирање на ногу, да не речам сите, мислачки и двоумења шо биле оставени да се мислат некогаш. Е сега е тоа. Се размрдаа и никако да се стивнат, ќе треба да се обработат. Може и тешко или жално ќе биде, ама ги разбуричкаме и сега има да се соочам со сите нив.ж

Како прво ќе почниме по ред. Тоа го сфаќам како прво ќе “исклучиме“ сите странично влијателни фактори и ќе се концентрирам на суштинското.

“Денови ли се денови,
човечки мислачки големи …“