караваните си одат, кучињата си лаат …

И ете, уште еден привремен престој во татковината помина.
Кавадарци лето Господово 2017.

И покрај тоа шо ногу не се радуваме на одењето, човек секогаш се надева дека убаво ќе си помине. Првиот контакт, така. Радосен што се сретнуваш со сакани, мили човеци. Ама каа ќе прошеташ помеѓу куќите, по тоа шо треба да биде џаде или тротоар, одма ми паѓа на памет наа од Зоран, мојот приател од Косово кој на времето како ученик идел у Кавадарци да заработе некој динар со берење на грозје, а не посети пред некоја година: “Оно твоје Кавадарци, стварно пропало… “
За Кавадарци, неможам да кажам дека е пропаднато или уназадено. Оно помалку дури и се граде и лепе. Ама кога Светот се движе со 100, а Кавадарци едвај со 14, изгледа како да стое или оде назад.
Има, има покушаи да се напаве нешто, ама тоа е сѐ на индивидуална база, не координирано и пред сѐ од лична корист. Така да на Кавадарци ако не му се случе нешто радикално, ќе си тапка у тоа место у “втора спора“.
Ете, идат локални избори и можеби кавадарчани еднаш ќе излезат од политичката заслепеност и послушност и ќе одберат човек од ковот на Борис Давидов или па дури и Борис Давидов. Човек кој сака да направе нешто за градот и “граѓаните“, а не само за жиро сметката.
Ама тоа е “научна фантастика“ како што е научна фантастика за кавадрачани да си “сметат“ у дворот и пред двор!
У Кавадарци има и убави работи. Ете една група на човеци кои се нарекуваат културни работници, во Домот на културата организираат безбројни разноврсни манифестации. Ама кај се вистинските љубители на уметноста? Или уметноста е осудена на пропаст у таа политичка вртелашка?
Има едно место – две, можеби и три, каде човек може да испадне и културно да помине вечера и дружење. Ама има и од оние, кои успехот му излива преку аргантност. Дека парата и успехот ударат у мозокот, знаиме, ама нели бива барем да се поздравиме, до пред некоја година беме “другари“ …
Па така моето уживање како и секогаш до сега, се надевам дека и во иднина ќе го продужиме на булевар Македонија… рај да си тераш.

 

Да, беме и во древниот град Охрид, колевката на словенската писменост и култура. И да, ни не одиме заради охрѓани, туку заради езерото и црквите 😉

Стварно е интересно како сите тие положници на писменоста и културата, не оставиле на тоа место и малку срдечност.
Јас мислам дека секој охриѓанец уште од мали нозе, а можеби и у школото, го учат како професионално да избегне да поздравува.

Ама како шо кажав, “не одиме ни за охриѓани, туку за езерото и црквите” 😉

Забележително беше, шо и после ноа шарената револуција, промена на власта, ништо се нема сменето, или пак е наа старата, “караваните си врват, кучињата си лаат… “ а Македонскиот народ чемрее под паролата “ќути, има и полошо”
Интересен е и нагонот за профит и “не ме интересира ништо шо се случува околу мене а подалеку е од пред нос“.

 

А им толку убави работи. До душа ете мене, како на крстен православен христијан ми смета шо треба да платам за влез у црква ама ако г. г. чичко поп така кажал, еве нека биде по негово.
Па така и Охрид забегува и се изгубува во политичките и економските игри и шеги на поединци. Има големи шанси да од колевка на словенската култура помине во депонија на неписмени бизнисмени…
И сета Македонија, таа Библијска земја. Постанува сѐ повеќе крава за м’зење за лични потреби на неколку лигавеши…
Па се лутиме оти иделе човеци од преку 7 мориња и 7 гори и ќе се населуват тука на таа света земја.
Епа тиа, шо ги “избркаа“ стотиците илјади млади “со знаењето е сила, знаењето е моќ“, нека се замислат и може ќе им текне, едно вирче каа ќе се исуши, има пак место за нов дожд….