Јас го разбирам Светот …

Ееее Гоце, Гоце!!! Воа твојто поле, угар постана.

Стискаш дугмето на телевизорот – 1

2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, CH+, CH+, CH+, CH+, CH+, CH+, CH+, …..
и така до 200 и кусур… “телевизиски програми“. И утврдуваш дека телевизијата во последните 20 и кусур години со порастот на телевизиските канали, на квадрат ги зголемува понудените глупости.

Батали, тоа. Уклучуваш компјутерот.
Ништо помалку глупости во “сервираните“ содржини.
Тука барем е добро шо чичко “гоогле“ може да ти најде тоа шо го бараш, добро узпат има сѐ и сешто да видиш, ама има шанси да одбериш содржина шо те интересира.

Лутајќи по тоа интернетот, некогаш беше сум прочитал, дека некој паметен човек кажал: “Ако сакаш да уништиш еден народ/нација, уништи му го прво образованието!“.
Е сега гледам и читам и се мислам, НЕКОЈ има ниет цело човештво да го уништи.

На времето, додека разните медиуми работеа посебно (или ни така мислеме), па така можеше информации од весниците или вестите на радиото или телевизијата си конзумираш. Во денешно време, изиграваме независност на медиумите, а у основа се си е “copy & paste”.

Телевизијата не засипува со купишта непотребни информации, весниците ги читаш како се пишувани со исти грешки, а интернетот, интернетот, шо да каже човек? Од една ногу убава замисла прерасна у буњиште на светцките мислители. А мислител се осеќа секој еден шо има компјутер и шо успева да ги погоде сите букви на тастатурата (вклучувај се и јас, мене самиот…). А ако немаш шо да кажиш (напишиш) – сликај се! Едно “селфи“ или слико од “п’на маса“ секогаш ќе предизвика внимание.

Да, тоа поле наречено “фацебук“ кое е една прекрасна можност за размена на мисли, идеи па дури и “културен натпревар помеѓу народите“ го напрвија село без кучиња. Разни фрустрирани и од општеството изолирани типови праватсѐ за да ти се одмиле ова место…
Да, се помалку го користам, од една страна шо 98,7% ‘ѓубре“ а од друга страна шо и да напишиш или “постираш“ се губе у тоа буњиште за 24 минути.

Едно прашување:
Кога и каде сте прочитале за некој работник во некоја фирма, кој со својот ангажман и иновативност предизвикал да се забрза производството, намалат трошоците и растеретат работниците???
Не сте прочитале? Не сум прочитал ни јас! А и ако има некаде некој таков, и ако некој и напише за него нешто, не може да се прочита од купиштата информации за разни блогери, ѕвездички, инфлуенцери и слични паразити.
Сите медиуми се тепат кој ќе информира за “бечелер“, “кралот на џунглата“ (или некој остров) за ергените и фармерите кои бараат партнери оти не биле способни 20 години да си најдат сами или и природата им одредила да си умрат сами…

Човек, така малку подибоко ако размисле, му се иде да фане некаде да замине кај шо нема ни струја ни интернет. Некаде кај шо ќе го живее животот свој па макар и “живот кучешки“.

Да, има денови кога сѐ ти смета. Кога веќе “преболени“ работи наново ќе те изнервират, кога по не знаиш кој пат се прашуваш: “добро бре, нели на грешки се учеме???“

Ме нервира новонастанатиот станард од “момент“. Ме нервира новиот (моден) фотографски поглед на Светот кој пренесува темна, тмурна, невистинита и преправена визија… Ме нервира веселиот возач на автобус кој секое утро го “кртавале“  автобусот преку две села, пред мене. Ме нервират муштериите кои за времена паузата ќе дојдат да земат материјал и со “ангелски“ манири прашуваат: “да не имате пауза?“ Ме нервира НЕможноста да се исклучиш од околината. Ме нервира …

Ама од друга страна се радувам на фамилијата, среќен сум шо смеам да ја уживам оваа убавина (есенска) околу нас, среќен сум … дури повеќе сум среќен од колку изнервиран .