(не)Вкусот на короната

Во Швајцарската Конфедерација освен што секогаш и секаде може да најдиш “ТОБЛЕРОНЕ“, кое како и на Кока Колата само името му е “големо“, уште од преди многу години по супермаркетите можеше да се најде “од пиле млеко“. Да, имаше (и има) среде зимо лубеница, среде лето жолта дуња. Тоа е условено шо ваа држава скоро сѐ си увезува од секаде по цел Свет. И нормално тоа транспортирањето трае неколку денови, па додека се продаде уште неколку денови и така нема да се чудите каа ќе купите праска и патлиџан и не ќе може да утврдите по вкусот кое шо е…
Веќе со години пазам кога купувам компирите да не бидат од Израел, а јаболките од Нов Зеланд!!! Ама понекогаш немаш волја или време па ќе земиш шо е изложено. Па така може да им се чудиш на твоите сетила за вкус, кога бананата има вкус на диња, дињата на тиква, тиквата на компир, а компирот наблагнува…

Лето Господово 2020-то, еден “слепи миш“ му еба мамето на цело Човештво. Дали до мишот е, дали до кинезите, дали до слепоста на човеците еве со месеци се бориме и со некоја болест која можеби и не е. Ковид 19 ја крстиле таа болест. Еден од симптомите е и губењето на вкусот и мирисот.

Човеци, нас вкусот одамна ни го уништија. Во секој случај ковид 19 не следи на ској чекор, зад секое ќоше, на секој клик, па каа шо е наа старата кавадаречка “ако мечката играе у комшиите, ќе дојде и кај тебе!“
Пред некое време колегата беше приморан да седи дома во изолација. Од кога помина тоа и се врати на работа, правеме муабет за логиката и ситуацијата. Тешко било, воа ноа… Ја си викам, ако ме снајде мене нешто такво, барем фотоархивот ќе си го средам.
И ме потрефи. Еве веќе трети ден седам дома, во изолација, и приметувам дека освен што болеста предизвикува болки, на сите му го уништува вкусот. Еве трети ден се канам да одберам 13 фотографии за календарот 2021 и стигнат сум до фотографија – 0 (со зборови: нула).
Ова е стварно напад на вкусот. Ги гледам фотографиите од минатата година и некако неможам да видам ништо убаво.
Ова е не убава болест.

Ај ЗДРАВЈЕ, утре нов ден – нова среќа…