»На муци се познају јунаци«

Испоминаа денови, недели, месец скоро, а мерак нешто да се забележе, однаде, – ЈОК
Ситуацијата е таква како шо е и не само јас, гледам и други човеци намалија со нивните “активности“. Единствено ако не си партиски писар и имаш за задача секојдневно да однадуиш по социјалните мрежи…
»На муци се познају јунаци«
Јас не сум љубител да цитирам од северните комшии на северна Македонија, ама они имат за сѐ изерека (или песна).
Годината 2020, една од ниа по неубавите и која сакаме шо побрзо да помине и да ја заборавиме, полека ама сигурно завршува. Ќе ја паметиме како година со многу маки и малку јунаци. И ако има “јунаци“ тогаш тие се манифестираат со бунт против властите, кои препорачуваат и молат да бидиме совесни и не се мешаме со многу луѓе у ова време на заразна болест, со тоа што најхрабро се собираат за сите врсти на слави и поносно се презентираат по социјалните мрежи.
А годината на короната (по кинескиот календар?) не само шо се растегна ѓоа ваквоа, туку произведи толку несигурности шо на човек скоро до ништо не му е. Упорно пробуваме да изиграваме нормала, ама не оде бе брат! А нема свежината кај човеците, радоста, позитивната енергија намали, оти се бориме да бидиме шо по малки “позитивни“.
И у сета ваа Светцка ујдурма, една мала ама стара држава некаде на Балканот упорно а ништат, т’чат, а разграбуваат. А јунаците? Јунаците се борат за вакцина или не. Оти ваше – наше, тоа е во генот на тиа од Господ заборавен народ кој по секоја цена се стреми кон Европа, таа стара, поносна курва.
Како и за годината, така и за сите други работи ќе ја цитирам една од најубавите (ако не и единствена) Македонска поговорка: “Ќути, помин нека има!“ Нека помине таму и да дојде најновата во која повторно ќе си изпосакаме еден куп убави работи, а она, како и сите до сега ќе си штракат како нив му е ујгун.
И да ќе се собереми и ќе ја дочекаме најновата година со песната (од северните комшии на северна Македонија) “неможе нам нико ништа – јачи смо од Судбине“ – ќе си ја пееме дури не не сардиса судбината, таа една единствена и сурова!