судбина, карма, …

Швајцарската Конфедерација има многу особини кои за останатиот свет се интересни. Покрај тоа што има 26 кантони, во кои се зборуваат четири официјални јазици, англискиот е нај употребуван “втор“ јазик. Да, и покрај тоа што во училиштата учат најмалку по еден од другите официјални јазици, НИКОГАШ не сакат да го зборуват јазикот на другата група, па кога ќе се сретнат швајцарец од германското говорно подрачие и швајцарец од француското говорно подрачие за меѓусебна комуникација и разбирање зборуваат англијски.

Друга интересна работа е шо автомобилите и моторните возила имаат броеви од кантонот во кој се регистрирани.  Значи има 26 ознаки на табличките и секогаш почнуват од 1 па до шестоцифрени броеви во некои кантони (моментално). Исто така бројчето на колата не е “врзана“ со возилото туку со сопственикот. Значи си купуваш кола/мотор/камион и одиш во заводот за сообраќај и добиваш таблички со бројка. После продаваш, менуваш возило табличката од старото возило ја ставаш на новото и ВОЗИ.

И така, буквите на табличката, како и големината на бројот на табличките даваат многу плодна почва за предрасуди. Со годините се втемелило мислење дека возачите од тиа и та кантон се глупи, од другиот кантон се не способни, од третиот само за SUBARU знаат и така… А секогаш, големината на бројот предизвикува респект или понижување. Шо по мала бројка, едно цифрена, или двоцифрена, покажува дека сопственикот е стар возач или од фамилија која од века имале кола.

Нормално покрај бројката и возилото го одава твојот статус. Па така комбинацијата на бројка и возило е многу влијае на однесувањето на другите учесници во сообраќајот спрема тебе. Тоа го имам осетено на своја кожа.
Секојдневно одам на работа по истиот пат, во исто време , стотици пати во годината. Тоа го прават и стотици други, по истиот пат во исто време одат на работа. Јас тој пат го возам веќе скоро 30 години (со букви, триесет години – по точно, дваесет и седум). Знам кога треба да тргнам од дома за да имам време да си го земам весникот од железничката во Валхвил, и да си купам кифлички во Обервил и пак да стигнам навремено во фирмата за да можам првото кафе на мир да си го испиам. Никогаш не возам брзо. Добро де, по некогаш каа сум со моторката и ќе ме “зачеша“ десната рака ќе а навијам таа рачката за да се поистругат тоа гумите и на страната, ама тоа еднаш два пати у годината и без никаква потреба, освен за задоволување на чувствата. Значи, секое утро од навика возам по патот и имам забележано, кога возам со мојата (спортска не оти е ногу снажна, ами оти е ниска за влевање излевање 🙂 ) има сожители кои имаат визија дека ако се залепат на 0.46 метри зад задниот браник на гореспоменатото возило оно ќе оди по брзо или ќе исчезни?!?!? од патот. Тикви, хроничното “туркање“ предизвикува уклучување на сигурносните системи кои заради сигурност процентуално ја намалуваат брзината на движење. Шо по “залепен“ тиа од зади, толку по споро се движи спортската OPEL CORSA 1.4. ДА, тоа OPEL CORSA 1.4 со убав петоцифрена табличка која укажува дека е регистрирана преднекоја година.

Интересно е кога го управувам “теренското“ возило од германско производство на кое стои табличка со бројка која укажува дека се движела повеќе од триесет години по патиштата, НИКОГАШ НИКАДЕ НИКОЈ не се “лепе“ зад браникот на возилото ?!?!? и ако како секогаш се движам со иста брзина како и со спортската.

Утрово имав задоволство и можност, да го возам автомобилот на Буба. Убаво малечко јапонче измислено за градска вожња, прекрасно нешто за возење. Да и оно е толку 1.4 или дури 1.2,  а плус и автоматик. Значи се движи нежно и без никакви стресови. Си го земав весникот од железничката во Валхвил и го исправив патот нака Цуг.Само шо се уклучив на главниот пат и исправи кривината приметив дека НЕКОЈ се залепил зад мене на 36 сантима, фаровите не му се гледаа! ОДМА се уклучи “сигурносниот систем“ и ако во селото е ограничено на 50 км/ч, на крајот од селот 60, после 80, па повторно 60 кај една мала населба па повторно 80 за да влезиме во Обервил со 60 и покасно да доприме до 30 во Цуг. Значи “сигурносниот систем“ се уклучи и малечката јапонска количка со голема бројка од Швиц почна да се движи во 50-ката 45, во 60-ката 57, во 80-ката 73 во повторната 60-ка 56 за да во 80-ката полека забрзува до 70. Е тука управувачот на возилото на кое на задниот дел од возилото имаше ѕвезда, даде лев жмигавец помина на левата страна и со убав спортски звук од цевките под ѕвездата, ме помина ѓоа ваквоа! И сето тоа беше крунисано со еден краток ама снажен зрак ама не од ѕвездата, туку од блиц во црвена боја.

АЈ со среќа денот.