ДА ЖИВЕЕ 8 МИ МАРТ!!!!

(жива да не сум! воа напишано преди една недела и не објавено !?!?!?)

9 март 2023
07:23 пристигнувам на работното место
07:26 си правам кафе
07:29 првиот муштерија на вагата
07:29 вториот муштерија до вагата
07:30 третиот муштерија влегува на плацот
07:39 сите услужени и испратени
Кафето истинато. Стискаш дугмето и машината праве пресно и топло кафе. ИЧ не ги сакам ваквите почетоци на “работен ден“. Од искуство и традиција, ваквите денови биднуват досадни. Кога рано рано ќе те нападнат после цел ден човек не стапнува на плацот веќе. (08:48, до сега нема дојдено друг човек/муштерија) АМА и така цела недела или скоро повеќе недели сето е некако е никако. Некој период на грип и настинки веќе три недели не држи “лабаво“ во прегратки, ниту да не фане салам, ниту да не пушти скроз, па условено од здраствено психичката состојба поминаа без значајни денови. И еве сега ќе се радуваме, надеваме дека идат по убави времиња, за сите, не само за едните.

Рамноправноста е чудна работа. Сите лафат и се борат за рамноправност, а баш различностите и разноврсноста го прават животот убав и интересен. Слушам уште сабајле на радиото, вчера, по повод “Интернационалниот ден на жената“ имало демонстрации во Луцерн и Базел. И си мислам, види да аа, виа тука уште се борат за рамноправност, а каде нас во Македониајта веќе одамна слават за рамноправноста. ИЛИ како е тоа? Јас барем така го разбирам, чим одиш за 8ми март у кафенето, јадиш, пииш и славиш тоа значи дека си задоволен од состојбата, ИЛИ?

Еве јас и денеска, поточно сабајле во утринските часови, се осеќав обесправен! Јас како “моторизиран“ учесник во сообраќајот се осеќам обесправен. Значи како управувач на моторно возило, ако сакам да земам учество во сообраќајот треба да имам техничко исправно возило, светла, свирки, гуми, кочници, воа ноа, плус платени давачки спрема државата и осугурителните компании, плус јас да поседувам важечка возачка дозвола, да бидам во состојба да го управувам возилото, трезен, здрав, жив, наспан… А ГОСПОДАТА пешаци кои исто така го газат патот за кој јас имам платено патарина а они не, смеат да одат по патиштата, без ни малку желба да бидат забележани, читај, и во зимските темни и мокри часови одат како да се од вероисповеста на нинџите, во секоја ментална и здраствена состојба, и при тоа ЈАС како моторизиран учесник во сообраќајот ја превземам одговорноста ако они не се во состојба да ги прифанат законите на универзумот и физиката. Законите на универзумот и природата викат дека човекот у темно темни работи може да гледа толку и толку, и не повеќе. И ако сакаш некој у темното да те забележи, тогаш облечи нешто светло и рефлектирачки, а не темно и маскирно. А физиката вика дека тело ке се движи може да се забави и запри после некое време и простор, НЕ дека автомобилот МОРА да застане пред пешачки премин!!!! Имал пешакот право или не. На тело во движење му треба исто толку место да застане од иста брзина независно од тоа дали кочи на пат со или без пешачки премин!!!

Во секој случај со пригодна чајанка, т.е. пиванка и подршка кон нашите жени го одбележивме “Интернационалниот ден на жената“. И бидејќи во Швајцарската Конфедерација женските организации не ги окупираат ресторантите и кафаните до скроз, си најдоме место во матичната кафана у селто. И слики има, ама ме сТрам да покажам слико од прослава со “празна“ маса…

Од годините имаше организирани прослави за “8 ми Март“ кои Македонските друштва, здруженија, организации ги организираа по ПОВОД денот на жената со тоа шо беа поканувани ПЕАЧКИ од Македонија за да пеат пред МАШКАТА (опиена) публика и сето тоа за почит кон рамноправноста на жената! Одамна веќе не одиме. Затоа што дали забавата ќе биде по повод 8ми март, 24ти мај, Св. Богородица или Нова година, ИСТО е. Вкусот на ќебабите има да го ижригаш три дена.