Прекоманда!!!

У ниа ефтините холивудски филмови, на некој у моментот пред да умре му се вртат сликите од цел живот. Е сега јас ги вртам сликите од последните триесет години не у момент, туку со саати, цел ден и добар дел од ноќта, веќе повеќе од 66 саати.

Интересно е кога човек поради некоја случка, ситуација, ќе почне да буричка по минатото. Ќе почнат да му идат и филозовски и идиотски мисли, ќе почне да праве рачуни шо, како, зошто… Ама после секој налет на мисли, одпоново ќе утврди дека сето тоа е тоа: ЖИВОТ.

Јас веќе неколку години при запознавање со нови личноси, кога ќе ме прашат од каде си? одговарам дека јас идам од друго време. Роден и израснат во СОЦИЈАЛИСТИЧКА Федеративна Република Југославија, достасав во Швајцарската Конфедерација како пресна работна сила и се вработив во капиталистичка фирма, сопственост на еден човек. Социјалните услови и ако капиталистичка фирма беа по добри од во било која фабрика во Југославијата, а со времето и тука достигнав до “самоуправување“. Во годините кои минуваа, неколку пати имав потреба да пробам да се префрлам скроз на мојот занает, ама по кратки пробувања во други фирми, секогаш доаѓав до заклучок дека вредноста на стекнатото “самоуправување“ не ја покрива евентуалната повисока финансиска мотивација.

И така живееш, работиш, уживаш во животот кој со годините си го довел на саканото комфортно ниво. И целиот Свет околу тебе е во нај добар ред (со исклучок на ниа идиотите кои не се способни да тргнат на семафорот кога е зелено светло) и се радуваш на секој ден одново.

И тогаш настапува, неговото величество ЖИВОТОТ. ШТРАААК, пресек. Ти дава на знаење дека тоа до сега не значи ништо и дека треба да фаниш друг пат. А ти не спремен. Со години си верувал дека патот одамна е трасиран. Нормално одма ти се вртат слики, а човечки е да ти се вртат тмурни слики, затоа што си убеден дека тоа до сега било најубавото. Вртиш сликите од минатото, ти се враќаат убавите спомени. Гледаш во иднината, ама та не си баба Ванѓа да знаиш шо те чека, и гледаш неизвесност. Неизвесноста предизвикува несигурност, а несигурноста предизвикува распаѓање на комфорт зоната….

И бараш сила и моќ да може да мислиш дека и иднината ќе биде ако не по добра барем слично комфортна. Се бориш самиот со себе да победат позитивните мисли.

И ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!! Та не сме “фрлале со камења по Господ“. Да точно сето тоа е низвесно, ама оно во стварност секогаш, цело време, било така. Само шо ние тоа не го осеќаме се додека течи и се движи по правец за нас нормален.