Велигден, после велики вторник!

Христос воскресна!
Честит празник да кажам, оти “НЕ Е СЕКОЈ ДЕН ВЕЛИГДЕН“!!!
Поминаа денови и недели а јас никако да дојдам до време и мерак да напишам некој збор за тука. Пред некоја недела се случи тоа што се случи, како гром од ведро небо ми беше “доделено“ ново работно место. Светот ми се заврти не за 180, ама за едно 347 степени.
И така минативе денови недели, ми се извртија многу мисли ноз главата да без проблем можев да напишам еден роман, неколку драми и две-три песнички (шо за свадба шо за вени сечење).
Исто така во тие денови олабавив со активностите околу социјалните мрежи. Помалку фотографии, уште помалку време да листам по нив. И се осеќа. Човеците веќе те заборавиле. Оно никокагаш, од моето појавување на социјалните мрежи (преди 10 – 12 години) не ми било важно да некој ме пофали или стави лајк на фотографијата или постот (кој во последно време и да ги немам), ама некако како индикатор дека некој “завртил“ и кај тебе е интересна работа.
Фотографиите како фотографии, ги “постирам“ на мојата интернет страница www.foto-gogo.ch, пишаните мисли овде, на оваа страница. И така ќе биде и во иднина, затоа што сум убеден дека некој ако сака да види или “слушне“ од мене овака е подобро послужен.
Можеби за некој ден или недела, ќе се навикнам на новото работно месте, ќе ги фанам новите процеси и ритуали, и повторно ќе има време за да се напиши некој збор или да се одбере некоја фотографија за време на работното време ИЛИ пак ќе се чека овака, некој дождлив празник да се седне пред компјутерот и да штракам по воа тастатурата…