GoPro hero 9 Black disaster

И пак!
Пак чекам.
Чекам да помине време, чекам да помине месец април, чекам да помине одморот во мај. Чекам да дојде 15 мај. Чекам да дојде 31 мај.
Чуден е човечкиот живот, “живот – компот“!
Некаде на крајот од март животот ми се размрда ѓоа вакво. Од секојдневието кое си одеше по традиционални, со години навикнати, процедури наеднаш морав да се откажам од некои работи за кои со годините ниту малку сум ги ценел и обраќал внимание на нив. И ОП, гледаш колку тие мали ситни нешта животот ти го правеле комфортен. И ОП, наеднаш треба да се испадне од “комфорт зоната“.

И така со недели никако да се посветам на убавите нешта од животот, чекам.

Ама секогаш има НОВ почеток, или втор. Ете и јас по вторпат во мојот живот имав прилика да ОФИЦИЈАЛНО работам во сабота!!! И ја искористив. За тоа што на новото работно место за изработен пола ден (сабота) дават компезација цел ден одмор. И од пола ден не си толку изморен колку од цел ден па остана уште пола ден да се извозе моторот, и ако пола ден ама за на “почеток од сезоната“ и доволно е. Се нема ни кондиција ни концентрација. Нормално, возењето го почнав со цел да до вечер повторно дојдам на местото од каде тргнав, дома. А каде и како, тоа се одлучува на секоја раскрсница или кружен тек. Уште не озбилно тргнат, немаше ни еден километар поминато, ОП, првата среќа.
Јас од многу одамна, а последните неколку години угу, повеќе сакам да си возам туристички, за релаксирање. Спртското навивање на гаста и стискање на кочниците дури не почне нешто да чади го откажав уште преди 20 години  и кусур кога за последен пат на SUZUKI GSX-R 750 извозив неколку кругови на Гробник и после со сопствени сили МОЖЕВ да влезам во автомобилот. На сите хоби тркачи шо ги стругат ногарките по кривините и ја навиват гаста ѓоа ваквоа би им препорачал да еднаш отидат на поста, вистинска, и си ги измерат силите.

Моето пасивно, повеќе мислам на смирено, возење без желба да престигнам некого или да поминам во последната секунда на зелено, со годините убаво ме служело. Каде можам, на нај големиот дел од патиштата возам по линијата каде одат левата страна од десните тркала 😉 Исклучок е коа пред мене вози автомобил тогаш сум на десната страна од левите тркала. И исклучок е кога ќе се забајдам, тогаш е “шо ќе му дојде“ и со Господ напред.

Вчера така сум се забајдил, поточно се застискав по тоа дугмињата на навигацијата, АМА ЗА СРЕЌА сум останал примерно на десната страна. Дури од кога се разминувавме приметив дека еден “колега“, со ниа фраерските мотори, со сета спокојност и арогантност пристигнува група на моторциклиси и си земал за право да помине на мојата страна. Среќата била во нас, затоа што без да го приметам јас него сум си возел десно, “по крајчето синко, и полека“ (баба Зора, Бог да си а прости).

После така “расонет“ и подобро сконцентриран на сообраќајот ги воземе патиштата кои беа преполни со возачи на секакви возила. Преблеми ми предизвикуваше мојата сакана и исто толку омразена видео камера GoPro hero 9 Black. Незнам по кој пат ПАК почна да ги реде сите нејзини знајни и не знајни проблемчиња, почна да исклучува поради малку струја, на 82% капацитет на батеријата, па почна сама да одлучува во кој модус ќе снима или пак не. За да на крајот прифатам и ја исклучам без батерија во нејзе на некое време, да изладе… И тука се случи втората ситуација. Спуштајќи се од живописното  езеро Вегитал (Wägitalersee) достигнав од ниа англичанските дневни соби на тркала (Land Rover Defender) и тоа од ниа нај едрите. ДА, патот е тесен ама скоро секаде се пристојни шест метри ширина, на места не маркиран заради поправките, АМА во никој случај да мора да застаниш со автомобилот па тоа и Land Rover Defender да е. И автобусите не се по широки од 2,5 метри, шо значи дека секој си има по половина метро фазла. АМА јас не знам што мислат човеците кои возат овакви (Land Rover Defender) чудовишта, дека ако застане ќе се стесне ли колата??? И така возејќи на пристојна дистанца и растојание, имав намера да го престигнам овој контејнер од кола. АМА како и секогаш во животот, на места каде би било можно престигнување, значи правец со доволна ширина и доволен преглед, возачот на луксузното теренско возило забрзуваше и преку 80 км/ч, не можев да го пратам. Па се одлучив да последните неколку километри низ клисурата ги извозам зад преоптоварениот и изгубениот возач на ова возило. АМА судбината не сакало да биде така, од кога му го “фанав редот“ и не беше толку жално. На кривините и при разминување со други возила успорувавме до “градска вожња“ и на правото шибај – стотка! И така на едно право повторно забрза он до незнам колку, јас веќе се откажав да го пратам, за да наеднаш повторно си ја повториме лекцијата “фол бремсунг“ 😉 тоа значи стискање сите кочници до степен пред да блокираат тркалата. За жал моето сакано BMW R80 RT  со традицаја на катастрофа кончинци, не можеше да застане на истото растојание како блескавата, неколку стотици илјади франкови, кола. Па во неколку делови од секундата додека изнедено морав да ја претицам / избегнам колата која требаше да се движи со брзина од 80 км/ч, а не 10, сватив дека автомобилот Land Rover Defender го возе младата наконтена Олга, а до неа седи стариот и богат Франц и сета акција е заради радарот поставен покрај патот кој на никој ништо не му прави ако си вози 80 км/ч.

Нејси, испаднав на рамното и правец Цирих, а од правец Цирих – облаци, и тоа од ниа убаво темните. Ајде, малку у лево да не ќе поизбегниме од главното.
Поминав низ “старото маало“, покрај дрвцата во Ноихајм, низ пределите со цреши кои и оваа година условено од тоа шо не сум пензионер ќе ги испуштиме да ги фотографираме во нај раскошниот момент и го исправив патот до реномираната фирма за реклами VIZART. Тука попат ситно роса зароси, а ветрето не беше тивко зато што се движевме со господарските 60 – 70 км/ч

Некогаш стигнав дома, и ги анализирав снимките од мојата сакана и омразена камера. ДА имав ниет ОДМА да ја пишам за продавање. АМА како секој коцкар пак најдов “рачка“ да ја задржам и нарачав две нови батерии, може до нив е, нешто ногу “напупени“ ми се виа шо ги имам….

Значи че ПОЧЕКАМ до после одморот со продавње на камерата, се надевам це управе. ИЛИ ПАК ЌЕ БИДЕ ДУБАРА ?!?!?