Шо ќе му дојде!

Да, човечки е човек да има страв. Стравот е одбрабен механизам на човекот кој го спасува во многу ситуации. И да, човечки е да имаш страв од непознатото. Ете, после толку ногу години (триесет и три) одам на работа со мала доза страв. А зошто? Незнам. Еве да не ги мешам сите триесет и три, нека бидат дваесет. Ама во тие години одењето на работа ми претставуваше навика, да не речам ритуал. Будилникот ѕвони во 05:30, ставам, се спремам и одам на работа. Некаде после пола саат – саат работа, може да се рече и дека ќе се расонам. Цело тоа време од разбудување до “почеток“ со работа ни во еден момент не беше сум помислувал, што, како, дали ќе има “проблеми“, предизвици. Едноставно работата ја познавав и у подсвеста беше чувано чувството дека нема ситуација или нешто што со кое не ќе можам да се справам. Тоа беше најголемата предност во СЕНН Киесверк, системот на “самоуправување“. Процес на работа на кој јас и колегата Петер му дигтиравме динамика и интензитет.

И сега, ИДЕМО БРЕ! Во нова фирма, со нови колеги, непознати процеси и тертипи на работа… Ама човек. Со здрава доза страв се пушташ да те “влече реката“. Тешко е, тешко на пеесет и кусур години да почнуваш на ново. И нели, човек уче (и се прилагодува) се дури е жив.

Ете, исто вчера. Отидов да направам фотографија која ја видов кај една моја приателка. Класично крадење на идејата?!?!? Не беше фотографијата како фотографија (која секако е прекрасна), повеќе бев окупиран со мојата збунетост при визуализирање на перспективата. Бев сигурен дека тоа ќоше на Швајцаријата го познавам ѓоа ваквоа и никако не можев да замислам дека таква фотографија е можна. (лафам за класична фотографија, земаш фотокамера и правиш фотографија, без ‹АИ› ‹КИ› ‹ВИ›, и слични апашки работи)

А да МОЖНА е. После триесет и четири години ми се отворија нови сознанија и нова перспектива 🙂

И ете ме утре пак на работа, во новата фирма со добромисла и надежд за нови перспективи и нови сознаниа.
И со уште по голема надежд, дека повеќемесечната “креативна блокада“ условена со неугодностите со работите поврзано со работното (бившно) место со новото работно место ќе ги снема и повторно ќе можам да функционирам “нормално“, а стравот (и несигурноста) ќе замине длабоко во подсвеста и ќе работе само кога ќе се соочам со лав или бела мечка 😉