Мед и млеко

Ако “ти тече мед и млеко“ или “секирта ти паднала у медот“, по оценка на другите, тогаш ти е животот таман. Барем у очите на другите. А очите на другите “најубаво“ гледат, а јазикот на другите најчесно суди!
Проблемот е шо од секогаш се создавало масовно мислење и мислење на масата. Во тој случај, твојот случај или мислење не е толку битен или треба да го прилагодиш на масата… Ама во случај да не си со исто мислење, а и не сакаша да се замешаш со масата тогаш, … тогаш треба да бидиш спремен на изолација, покажување со прст, па дури и да си спремен да трпиш како фрлат “со камења по тебе“.

Февруари, лето Господово 2020-то.
У ноа фабриката за создавање на “масовно мислење“ пак се лигавеа, “богатите и убавите“ и си делеа награди. ОСКАР! Демек врвот на филмската индустрија. Уметност ?!?! , ај да не се смеам сеа. У тоа Холивудот има уметност колку у спортот спорт! У сета таа нашминкана свеченост и едно дело на Македонски филмски работници. “Медена земја“ или како што обожават да кажат “филмските критичари“ од Македонија – Хонејленд!
Ептен се потрефи тоа смотрата у Холивудот и “проЖектирањето“ на филмот у Кино Швиц. И ајде од обзир, отидоме и ни НА кино. Да, ни у Кавадарци одеме НА кино, не ВО кино.
Филмот супер.
Направен по терк на најголемите мајстори на кинематографијата. Малку хумор, малку тага, малку акција и малку СЕКС. Добро тоа малкуто секс се сведи на качување на еден вол на крава, ама се брое. Од филмот најногу ме бендиса фотографијата. И гледајќи го филмот ме потсети на моите филмски ремекдела 🙂 , човеците сигурно имале стотици саати материјал, а требело да се направе филм од саат и на крајот испаднал саат и кусур. Како и да го вртиме муабетот на крајот пак ќе изјавам дека филмот не ме воодушеви како шо очекував после “лафењето на чаршијата“. Ама сигурно е добар чим насекаде добива награди. Јас со моето кинематографско консумирање и развој застанав некаде на Брус ЛИ. И од филмови со “јака порака“ ми е преку ваквоата! Животот на секој од нас е доволно озбилен за да се замарам со судбините на некои си филанкиш човеци. Јас си ги обожавам филмовите кои ги гледаш, те забавуваат саат – два и после може да го заборавиш.
Арно.
Кино Швиц. Нели беме да го гледаме “Хонејленд“, и сега пак, за некој ден пак во кино Швиц. Ама ваа пата нема да гледаме филм, туку ќе ги закачиме “сликите“. По вторпат имам прилика да во фоајето на Кино Швиц ги презентирам моите фотографии, благодарејќи на Фотоклубот Швиц. Значи кој милува од 22.02.2020 па до кај 20.03.2020 ќе има можност да ги види моите фотографии, (покрај некој филм 😉 )
А фотографии како фотографии. Се оценуваат по убавината. А убавото е релативно. Тука пак, со моите фотографии, сум од другата страна. Од страната каде шо другите го оценуваат моето работење. И нормално не му се допаѓаат на сите. Тука пак јас, со моите фотографии, го пренесувам моето гледање на Светот, сурово. Без џиџи-миџи, без “ХДР“! На фотографиите, мои, се гледа светот не нашминкан и не претворен во ефтина Холивудска сцена. Ма шо ви расправам, ајде, дојдите и видите ги фотографиите 😉
И покрај тоа шо се зареков дека нема да правам “класични“ изложби, приликата ми направи да се предомислам. А менувањето на зареченото во “Медената земја“ е како менување на чарапите, кога и колку ќе ти текне…
И се дури не ни “падне секирта у медот“ ќе се прилагодуваме и ќе се радуваме на малите и убави нешта.