Коридор 23

Почеток на месец мај, пролет. Ја имавме честа и задоволството повторно да ја посетиме НА♪♫ШАТА МИЛ♫♪♪А МА♪♫КЕДОНИЈА♫♪♪!
И овој пат по незнам кој пат, со авион. Чудна е човечката психа. Со денови бараш “по ефтини авионски карти“ за да на крајот заштедиш неколку гроша, колку за една вечера и кои во суштина не се ни битни во целокупната сума на потрошени пари, нерви и време. АМА важно на карти заштедиме 100.
И пред тргнувањето и за време на одморот во НА♫♪♪ШАТА МИЛА♪♫ МАКЕДО♫♪♪НИЈА! имав да запишам илјада работи, ама време се нема, а и мотивација.
Уште пред тргнувањето бев спремен на “тука е така“, “ами сега така е“, “лесно ти е тебе“, “ти не а разбираш ваа“, едноставно бев на СЕ спремен и за тоа ги оставив работите да си течат по тамошно, “како шо е редот“.
Првите денови поминуваа во дружби, средби, со нај блиските попратени со квалитетна скара и завидни количини на алкохол, ама баш тоа се моментите за кои се бориме. Јас и моите во ТУ♫♪♪ЃИНА♪♫ТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ♫♪♪! и немаме ногу време, а и прилики, така, безгрижно, да се расположиме. Па за тоа овие вакви средби ногу ни годат на душата (на мешето по малце).
Тие денови и ако срамежливо пролетни, убаво истерав (барем јас)
Бевме и почестени да присуствуваме на една свадба. Така стандарт, Македонска, по нов терк/стандарт. АМА убаво.
Имав прилика да видам преправени човеци. Се рекло свадба и на свадба се оди со нај новото одело, или тоа едното, за свадби и погреби. Јас исто така имам едно одело, со сите нишани, и до сега го имам три пати облечено, и три пати не сум се чувствувал пријатно во него. Мислам нема да го мачам веќе. А за човек да носи одело, треба да е скроен за тоа. Човекот да е скроен, не оделото. Ама во НА♪♫ШАТА МИЛ♫♪♪А МА♪♫КЕДОНИЈА♫♪♪! се е дозволено и се преџвакуваме.
Имав прилика да посетам пријател на болничка постела. Нај ајле, од се срце му посакувам да шо побрзо закрепне и се врати со сета енергија во секојдневието! Од него слушнав приказни, т.е. нај сурови вистини за еден здраствен систем кој е доста веома врло болен, да не речам пред умирање. Од после, кога ќе си ги вратам неговите зборови и кажувања, сфаќам колку тие 30 (со букви триесет) и кусур години транзиција ја однеле државата у 7 до 8 пичке материне.
Размислувам и не можам да се изначудам. КАКО таа држава (моментално) наречена Република Северна Македонија вегетира? Не, она не “живее“ она од дамна е мртва, само не може да осете.
Теми на утринските “контактни емисии“ во тој период беа платите на функционерите и “Коридорите 8 и 10“. СИТЕ беа стревожени оти функционерите си ги зголемиле платите, па така претседателот и премиерот на тоа што се нарекува држава ќе земале по 3000.- € плата. Тоа плата ли е за еден претседател/премиер?!?!? Никој не се тревоже и не превзема нешто шо ОН уште 200.- € плата зима, премиерот му пречел.
Се возбудуват шо државата ќе инвестирала милијарди во патната инфраструктура! АМА (ќе извините, по кавадаречки кажано) никој кур не го боле шо децата немат учебници.
Светот е забеган, а у државите како што е вечната кандидаткиња, Република Северна Македонија, за влез во ЕУ ептен сурово се приметува.
Имав прилика да се сретнам и со ЧОВЕЦИ, градски ликови, кои уште со своите последни сили и со голема енергија, работат за зачувување и работење на тоа малку што остана и шо се вика “градски живот“!

Имав мисли и сакав да напишам за “политиката“ со авионските карти, кои демек се ефтини кога ги бараш по интернетот, АМА после треба да доплатиш за седиште!!! куфер, даавчки за обработка?!?!? ….
Сакав да пишувам за се по големата (не)култура и без респктното однесување во сообраќајот во Македонијата (ако во општо тоа може да се наречи сообраќај), за не културното однесување на некои си учесници во сообраќајот кои движењето по оваа планета го користат за отстранување на нивното ѓубре. За фамозните “четири жмигавци“ и “забраната“ за користење на жмигавците при свртување, промена на правец..

Ногу сакам да пишивам за глобалната медиумска окупација од страна на таканаречените “зелени“, “последна генерација“, “ЛМНЊ комЈУнити“, и за користењето на ситуацијата од страна на нафтените и медиумските магнати

АМА на крај само ќе кажам, не само во НА♫♪♪ШАТА МИЛА♪♫ МАКЕДО♫♪♪НИЈА! секаде на Светот е исто, ќе бидиш среќен ако денот (ти и твоите блиски) го завршиме среќни и здрави и ци речиме:

ЌУТИ, ИМА И ПО ЛОШО!

 

Фотографии од Македонија, пролет 2023

Некој видео запис