за моторџичките работи

Првиот “моторџијски“ викенд 2023. Времето и ако срамежливо температурите на пристојно ниво. За почеток со, така, «домашната» рута. Од Готхардштрасе на Готхард превојот 😉 .Беше сабота, прва после крајот на зимската забрана на превојот, дали заради временските услови, многу сообраќај немаше, пријатно за возење. И узпат ај на Обералп. Он веќе беше отворен неколку недели, ама светилникот не работеше 😞. Нејси, извозив стотина-двеста километри и убаво ми легнаа.Недела, времето уште по ветувачко. Со «сонеман» закажани на една раскрсница на која слууучајно и добра пекара има. Испиено кафето, кифлата апната и ајде правец на предвиденото место за возење денес. Преку превојот Хулфтег не поминаа неколку малецки Роси, Маркез и слични, кои прекрасните кривини ги користат за трошење гуми, навивање на гаста и презентација на «тркачките» им способности.И така стигнаме до саканиот «почеток» на денешната екскурзија. Тогенбург и Апенцел доста веома врло убаво се презентираа.. Само  срамежливото сонце и магловитиот воздух не дозволуваа да блесне природата во сета своја пролетна раскош.Од ногу глава боли, викат старите. Па така и јас со возењето низ еден од нај прекрасните предели на Швајцарската Конфедерација,  мотиви за фотографирање илјадници,  и се чекаш да дојде уште по интересен, по убав.На крајот, фотографии пет (со бројки 5). А можеа да бидат стотици, ама нели на возење испаднаме, и ќе се тешам, «светлината не беше баш идеална…»И ако временските услови прекрасни за возење, зачудувачки малку сообраќај по патиштата. Имам впечаток дека се се враќа на нивото «пред короната». За време на короната и ограничувањата за слободните активности мислам сите фанаа да возат мотори, електровелосипеди и било какво возило шо те транспортираше по улиците.Ама среќни сме вака, секој у својата секција нека си биде активен.Возењето по така «нормалната» Швајцарија за мене претставува вистинско задоволство,  од една страна сконцентриран на сообраќајот и патот ги заборавам секојнените грижи. А од друга страна поминувајќи покрај бројни фарми, куќи села, цело време си мислиш како ли живеат човеците тука, шо работат? Кај некои ти е јасно, мислиш дека се откинати од Рајот и тука оставени, ама кај други си мислиш шо ли е тоа што човек се одлучил у вакво никакво место да направиш дом???

Да следното возење ќе се организирам по добро околу користењето на апаратите за визуелна документација на денот, ваа пата некако немав среќа.

»»» фотографии