Едно мирно жешко лето….

Октомври 1989, со возот Атина-Париз Гого пристигна до Бухс, Кантон Санкт Гален, Швајцарија. Првата друштвена средба беше на една забава на  југословенскот клуб во Цуг. Бевме уште југословени и контактите со “братството и единството“ пресни од ЈНА. Тука пак ја слушнав наа филозовската: “кроз Босну не пјевај, кроз Србију не играј, а кроз Македонију и не певај и не играј! Да, на времето, во бивша Југославија Македонците важеа за најдобри пеачи и најдобри играорци. Важеа за мирни и разумни “другари и другарки“ и се дружеа со сите, од Вардара па до Триглава… па дури и турците и бугарите беа у “братството“.

 И после дојде “конфликтот“ во СФРЈ, Македонија како единствена република се “оддели“ од Југославијата без воено дејствие. Бевме пак поносни и бевме уште повеќе ценети од западниот (европејскиот) свет. Ама војната си дојди, покасно ама беше војна. И уште трае. И ако не во вооружена состојба, војната насловена како транзиција, трае триесет и кусур години и секојдневно, секој саат, секој момент уништува по една ронка од угледот и почитот спрема Македонија и Македонската нација.

“Ако сакате да уништите една нација, уништите и го образованието!“ Беше стоело на некој универзитет во некоја белосветска земја.
Ете во Македонијата поминаа учениците уште една учебна година без учебници. (а и тиа шо ги има се  за плачење)

А дека нацијата ни е уништена, и дека на власт се “неки нови клинци“ кои или немале учебник, или имале од ниа “експерименталните“ учебници или и не биле на школо сведочи фактот што и после триесет и кусур години ( со бројки 30+ ) уште разделбата од Југославијата не е во целост завршена.

Од некогашна нација од која целата балканска естрада се послужуваше од фолклорот и беше мерило за квалитетна народна музика, Македонија постана нешто како “социјална служба“ за истрошени, изветвени и разочарани певачи и певаљки од просторите на бившата ни Југославија.

И така традиционалниот и од некогашни визионери и синови на Кавадарци до “институција“ развиениот “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ преминува во некој си вид на клиника за леќење на некои си поединки од комплекси на помала вредност, вредност која само они ја вреднуваат…

Под мотото “НАПРЕД У ЕВРОПА“ сета таа политичка мизерија од амеби ја управува државата наречена Македонија директално во бездните (дупките) на таа курва наречена Европа…

За крај, пријатни летни денови со песмата:
УДРИ ШАБАНЕ!!!