без наслов

Да, во право сте господине. На извесна брзина се осеќаат вибрации, ама тие не се зависни од брзината туку повеќе од вртежите на моторот. Ама од каде и зошто доаѓаат не можиме да утврдиме, а ќе биде тешко или без резултат и ако почниме темелно да бараме, на пример да го раскопиме моторот на основните компоненти…

Да, задниот дел е малку крив. Ама тоа нас не ни е познат феномен. (а ваму интернет врие од слични “феномени“).

Да, стварно не може да се состави прскалицата, ама да бидеме искрени за тие пари не смеете да очекувате ногу! 
?!?!? нова прскалица, не можиш да а составиш и да ја користиш, ама не била скапа!!!

Си заборавил да исклучиш ромингот, уклучуваш мобиљката у туѓа држава, и ОДМА ти иде порака дека се наоѓаш во туѓа држава и дека промингот кошта нешто. ОДМА исклучуваш сите тие работини. АМА после некоја недела ти доаѓа рачун за користење на интернет у туѓа држава. ЦЕЛИ 2,5 мегабајти за едни никакви 50.- фракови, швајцарски.
Да, господине. Сте користеле интернет во туѓа држава и тоа е така, ние не може да сториме ништо! Не можат да сторат ништо, а МОЖАТ да касират 50 франака…

И така ќе си станиш насабајле, по рано, ќе се дурдисаш и ајде на работа. Ногу нема шо да а мислиш, има кој да мисле. Само јас ногу сакам да знам кој е тој или кои се тие шо ни ја кројат судбината.

Еве воа горе пишуваното стоело веќе месец и пол на компјутерот и чекало да биде објавено или едноставно речено сум заборавил да го допишам и објавам. А од почетокот на април месец многу работи ми се заостанати, заборавени, пореметени, не иде ред да ги почнам или завршам. Некои работи ми се вметнаа не сакано во приоритетни па така “среденото“ секојдневие се најди во распад.

Ова лето ќе го паметам по тоа што во општо не е  “моторџииско“ неколкуте слободни викенди или е жешко ѓоа ваквоа или врне за озбилно. А преку неделата скоро и да нема ден кој може да се искористи за барем стотина километри… Покрај моторката, и фотокамерите мируваат условени од времето, расположението и приликите. На неколкуте возења со моторките, видео камерата (ако не штрајкува) снима со надежд дека барем така нешто (некогаш) ќе се искористи. А тоа пак, видео записите патат од немање време и мотивација некој да ги превери и среди.

А таму, видео записите, друг универзум. Видео записите ги замислувам како “дел од изложбите на фотографии“. После десетина години, дупло повеќе успешни, не посетени, инересни, промашени, за паметење, поучни и нијанси на секој вид изложби на фотографии одлучив (пред НОООГУ години) да веќе не правам изложби на фотографии во класична форма. Од кога за секоја изложба вложив голема количина на време, пари, енергија и расправање со шофери за да една (или поточно, стотина) фотографија стигне од објективот до галеријата.

Мултимедијална изложба. Четири – пет монитори, исто толку фотографии, за тоа што нема ништо по моќно од една фотографија во големина две на три метра! ама големиот дел презентирани како “кино“ формат. И тука дојди во игра видео записот. Како основа или “упатство“ како и каде настануваат поголемиот дел од моите фотографии.
АМА како ногу работи во животот и воа испадна дека едно е желбата, второ е можностата а трето приликата. Со желба за добар видео запис ама со што е по мала камера пред ногу години почнав да испробувам акционски камери од SONY, преку JVC да на крајот допрам до “најдобрата“ акционска камера GoPro. И стварно, GoPro –то испорачуваше (и уште испорачува) нај добар видео запис. АМА пустињето, со појава на секоја нова генерација (бројка) ние како конзументи воедно сме и “развивачи“ на технологијата, на секоја употреба откриваш нови недостатоци кои они после можеби и ќе ги поправат АМА нервозата за не завршената “работа“ остануват. И така и после GoPro 6, GoPro 8 и со сегашната GoPro 9 не успеав да направам видео материјал во должина од 6 саати во еден ден, обавезно нешто откажува. Ама прифатив компромис, ќе направам сегменти, од по саат – два, некогаш. И така повторно направив излет во други марки Rollei, акционска камера со убави технички особини. АМА после првото кратко користење, неколку негативности и само една позитивна работа спрема GoPro –то, батеријата трае многу подолго, ама па за тоа не разбира дополнување на батеријата за време на користењето…

И така моите екпериментално пробни работи околу ПРВАТА мултимедијална изложба продолжуваат со не битни активности….

Си седам и и си мислам како би било да направам такво видео (од возењето со мотор по Швајцарската Конфедерација) со една вистинска, професионална камера.

Почеток на осумдесетите години на минатиот век. Свадбите почнаа да се снимат со видео камери. Ги имаше неколку системи ама VHS от се проби најногу. Убава квалитетна камера VHS, беше некаде околу 1500 – 2000 “дојче марк“, а наследникот на VHS Ѕ- VHS дури накај 3000 DM. И ние се радуваме на тој квалитет кои обично го гледаме на теливизори со резолуција од 640 x 480.
А сега и на виа со 4К не не бендисува. АМА кога ќе замислиш па виа “камери“ се по 300 / 400 €

Ништо, поминувачка нека има.