Илинден, 732

“Es gibt kein schlechtes Wetter, nur schlechte Kleidung!“ – Нема лошо време, само лоша облека, вика стара швајцарска мудрост. Јас ќе кажам ма ојте у три до четири ….

Јули, нај летниот месец у годината демек, во Швајцарската Конфедерација беше (и завршува) нај бедно, од временска страна. Значи беше толку разврнет, ноември не му е рамен.

Јас ќе си го паметам по тоа шо како никогаш до сега немаше прилики да го возам моторот. Оти јас ИЧ не ја прифаќам филозофијата “Нема лошо време, само лоша облека“. И покрај тоа шо моторите се водотпорни, а за облеката да не расправам, по шифуњерите се наоѓа нешто и за во Исланд, некако во сите тие години, скоро четериесет, не открив НИШТО интересно на возење мотор кога врне, па макар и само дожд. Како по нарачка или како некоја завера, таман ќе дојде слобеден ден или прилика да се откине некој саат за возење, дожд или ако не беше дожд сигурно ќе имаше киша 😉

Исто така условено од временските и мотивирачките околности и фотографијата страдаше во месецот јули 2023. Еве денеска го спремам “месечниот осфрт“ и изгледа ќе нема ни “еден филм да исликаме“. Шо да правиш, идат такви периоди кога се не плодни. И со секој нов ден се надеваш дека ќе биде поарно.

Некаде почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Како дете, првпат видов огномет. И тоа на тогашниот, вистински, “Тиквешки Гроздобер“. Како дете тоа ме фасцинираше, свете, пука, однадуе… чудо! После неколку стотици видени огномети си го поставувам прашањето: ШТО???
Шо корист имаме од огнометите? Да, уште привлекуваат ѕвездичките во разни бои и формации, и во секоја прилика предизвикот да се направи “фантастичната“ фотографија, АМА после? Не ми е јасно, како у денешно време (барем во Швајцарија) кога у секоја клетка на општеството не масират со намалување на јаглерод моноксид, диоксид, загадување на човековата околина, уште истите тие чиновници кои не гонат само ако малку чуре автомобилот или моторот од друга страна лежерно доделуваат дозволи да се испукаат стотици тони материјал и димовици само за да некој си го негува егото.

Да, и покрај сите мои напори да ги сватам и прифатм работите за кои по големиот дел од населението се радуваат, две работи не можам никако да ги сфатам, огнометите и соблекувањето на дресот од фудбалерите кои ќе дадат гол??? (или за тоа се вика гол, да се соблечиш гол кога ќе дадиш гол???)

Како и да е август 2023 почна дождливо, и старата швајцарска мудрост вели: може да биде само по добро! Се надевам дека не ќе морам да “крадам“ по некој саат, како синоќа, за да се извозам со моторката и дека ќе има прилика, денови или барем пола ден ги шпартаме патиштата на Швајцарската Конфедерација. И после неколку месечната “преселба“ на друго работно место конечно најдам мотивација да штракам повеќе со фотокамерата….