Облеката го чини човека

Со денови, недели, месеци, немав “две фотографии врзано“. Дефинитивно, новото работно место ми ја убива креативноста. Ме тера да мислам на други работи. Ама еве три денови “слободен“ и оп, камерата штрака. Нека е добромисла, ќе се управиме и ќе си го фаниме редот.

И така, малку одморен и “исклучен“ од секојдневието одлучивме да направиме мала екскурзија по Швајцарската Конфедерациј, цел – Берн и околината. Патот не водеше низ живописните предели на централна Швајцарија. Првото паркирање беше над Лунгерен, видиковец со за мене една од нај убавите панорами за класична швајцарска разгледница! Како брзо застанаме, уште побрзо беше разочарувањето. Некогаш прекрасната панорама, природата агресивно ја освоила и чичковците шо се задолжени за одржување на патот сиромашко поисекле неколку гранки колку барем делече од целата долина да се виде, а тоа нели ќе ја чуваме природата… Да се повеќе и се почесто на моите патувања по патиштата на Швајцарската конфедерација наидувам на места, кои пружат (пружеле) прекрасни панорами и кои сега од клупите имаш поглед на некоја грмушка или дрва.

“Stiftung Giessbach dem Schweizervolk“, (Фондацијата Гисбах на швајцарскиот народ) со години гледан од далеку, од преку езеро, водопадите на Гисбах до прекрасниот хотел над езерото Бриенц, му дојде редот и времето да се посети. Последните неколку километри се “квалитетен“ – ридски пат кој само на места дозволува разминување на две возила, а големиот дел нема можност ни велосипед да заобиколиш (престигнување е акција кога со по голема брзина престигнуваш друго возило кое се движи со по мала брзина, велосипедите на овакви патишта … не можиш да кажиш дека имаат брзина, повеќе се мислиш како некои човеци имаат способност да ги игнорираат законите на физиката И ТОЛКУ полека движат велосипед?!?!?!). Нејси, стигнаме на паркингот кои како сите паркинзи во планински услови беше одбележан и послан со шотер, И НОРМАЛНО!!! автомат за наплата. 10.- CHF (или со зборови десет франаака 😉 ) се да се платат, не за саат, не за ден, незнам за колку ама 10. Нормално (за мене) мене одма почнаа цревата да ми се вртат, и чудесни и не убави зборови да излеваат од мојата уста. Некои работи, овакви, ме нервираат до срж. Ме нервира односот на одредени структури во општеството кои во автомобилистите (па моторциклистите) гледаат како крава за м’зење. Па сите грабаат пари колку шо можат и малку повеќе. Ќе речете, па треба да се плати, човеците обезбедиле, пат, паркинг и го средиле излетничкото место и ти дале можност да го посетиш. Беким, тоа е така, и јас сум спремен и сум плаќал, за влез 20, паркинг по 2 фр. на саат, за пиво во киоскот 7.-  АМА до срж ме нервира и за тоа ги споменувам најблиските и до трето колено на тиа шо ноншаланто на автомобилистите му земаат 10 франака а велосипедистите (паразитите на модерниот сообраќај) ја имаат привилегијата сето тоа бесплатно да го користат па дури и по патеките на излетничкото мести ти ѕвонат да се тргниш од патеката за да они поминат, ќе има пцости и во иднина…

Велосипедистите, интересна група на сограѓани. Да и јас возам точак, до душа се по малку ама знам да возам и само времето не ми дава да возам повеќе. Возењето точак во Швајцарија е вероисповест. Има, ретко, ама има, возачи на велосипед (во народот познат како точак) кои како јас, возат некој велосипед и возат велосипед. Да и јас имам велосипедски панталони со сунѓер на газот, имам и некоја маица и палтенце за на точак, АМА брату ептен стари, од пред едно 10 / 15 години… Ама знам, јес да облеката го чини човекот, АМА облеката не е е таа шо ќе ја накачи нагорнинката, мускулчињата на нозете треба да бидат исправни. Па така не ми се јасни некои “велосипедисти“ кои ја имаат нај модерната опрема и нај квалитетните точаци, АМА го гледаш дека неговот стил на возење е мачење и на точакот и на околината… Пред некој ден на една раскрсница сретнав една жена, добро де бабичка, која делуваше како да има 80 +, со нејзиното ситно и кршливо тело сигурен сум дека можи да го управува велосипедот кој тежи само 6,5 кг ( и исто толку или и малку повеќе,  вреди во илјади франкови) и дека на најновата облека, кацига и наочари на кои и некои од учесниците на “Тур д’ Франс“ ќе и завидат, допринесуваат за безбедното и сигурно возење, АМА … тоа сето за шо ОНА треба да го вози велосипедот, може да го заврши и со секојдневни работини. Но неколку пати имам спомнато, уште од моето доаѓање во Швајцарската Конфедерација им се одушевувам на Швајцарците, кој пристап го имаат спрема слободните и професионалните активности во однос на облеката и опремата. Тука нема компромиси, тука нема пренамена, тука нема прилагодување. Се знае што и како се носи за таа и таа активност – ТОЧКА!

Моторизирани велосипеди, мотоцикли (или во народот познати како мотори) се повеќе мој интерес. За разлика од велосипедите тука веќе има прописи. Основните се моторцикалот да биде регистриран, читај исправен, треба да имаш возачка дозвола, читај треба да имаш поим од сообраќајот И МОРА да носиш кацига, читај заштитен шлем. Е сега со годините и сам ќе приметиш дека треба и убаво палтенце и добри панталони кои ќе те штитат од ветер, дожд, бумбари и кои не дај Боже, ќе ја превземат функцијата на лупење кожа во случај да се сриниш. И така во денешно време и таа графа на облека се рашири и постана статус на МОТОРЏИЈА шо полека “боли“. Како некој фудбалски навивач кој само он знае зошто се “врзал“ за саканиот клуб, така и јас имам долгогодишен посебен однос кон моторциклите од ѓерманско производство познати под името »BMW«. Пред извесно време преку “каналите на социјалните мрежи“ дознав дека мојата нај сакана марка има летен попуст на опрема од сопствената колекција. Нормално, палиш моторката и у продавницата, да видиш шо има на попуст и дали ќе се најде нешто што треба. Ми треба едно летно, лесно палтенце. Моделот го имат, бојата не е таа и “големината“ ИЧ. Ништо шеташ по продавницата и гледаш шо нудат/продават. Наидуваш на “интересно“ палто го загледуваш и си викаш: ЗОШТО БЕ, зошто илјада и триста и кусур? и истото прашае и го поставуваш на фината и весела продавачка. Нормално ми објасни дека тоа е од НИВНАТА НАЈ нова колекција, изработено со изработено со НАЈ квалитетни материјали (во Виетнам) и дека погодно за користење ЦЕЛА година! Сестро, едно ако научив тиа 40 и кусур години управување на мотори, е тоа дека не постои палто или опрема во која ќе се чуствуваш пријатно насабајле и на ручек, не прави муабет за цела година. Нејси, учтиво ја прашав дали имаат и “кратки“ големини? така како за мене, шо вика мојот доктор за да не се вреѓаме: “по снажен“ или у народот раширен поим: дебел 😉 . Уште по учтиво ми одговори дека немаат и дека НОВАТА колекција нема кратки бројки и дека нема информација дали некогаш ќе шиат за дебели човеци,  Поминувачка нека има, Гого и понатаму ќе си вози со палта од не најновата колекција и не од саканата и почитувана ми марка…

Да се вратиме во Кантон Берн. Од кога се изнасликаме на Гисбах водопадите исправиме патот накај Тун, се пракираме во паркингот (3.- фр. за два саати) си апнаме пица по туристички цени завртиме по стариот град и ајде последната цел во денот, Берн. Берн седиштето на Швајцарскиот парламент и Швајцарската национална банка. Често погрешно нарекуван главниот град на Швајцарија / Швајцарија нема главен град. Ако, и без епитетот главен град, место кое вреди да се посети види, секако со акцент кон стариот дел од градот кој е изграден на “полуостровот“ направен од реката Ааре. Од ваму, од наму, со заобиколка стигнаме до стариот град и неговата “главна“ улица. И тука во тој повеќе вековен раскож шо ќе видиш?!?!? Се распослал – панаѓур! Добро де, не класичен панаѓур како ние шо го знаеме, ама и покрај модерното и странЦко име, “фуд фестивал“ “стриит музик“ или такво нешто, некои си штандови со сумниви јадениња и пиачки со потекло од цел свет и со претерани цени го унакажуваат лицето на старите градби кои самите по себе се уметност. И така ќе завртиш по уличките од страна, колку, толку да осетиш од душата на градот не контаминирана од смрѓавата на зејтинот од “фрулунгсроллен“ и воздухот загаден од лутилото на далекуисточните култури…

И некако дојдоме до зградата на парламентот на Швајцарската Конфедерација! А она, како и пола Конфедерација, во реновирање. На “прекривката“ од скелето со големи бројки напишано 1848. Да бе, ќе ми текне, они ваа година слават 175 години на Уставот на Швајцарската Конфедерација, 175 години закон бе!!! Ногу ми е криво шо живеам во епохата на реновирање на Швајцаријата, нема место, пат, рид, езеро, некаде да тргниш а да не “нагазиш“ на градилиште. Ама како погоре спомнатото, »Фондацијата Гисбах на швајцарскиот народ«, така сето тоа шо сега се гради и преправа, е за »на швајцарскиот народ«
И да, после еден оваков ден, уште повеќе ќе ја засакаш Швајцаријата. За тоа што и покрај сите “негативности“ подбро речено посебности, покарај сите “давачки“ за да поминиш еден убав ден, покрај малите нервози и големите пцости, СЕПАК гледаш дека баш заради сите тие посебности Швајцарија функционира ѓоа швајцарски саат!

 

>>> фотографии