извештачена интелегенција

Следбеник на некоја партија, фан на некој спортцки клуб, обожавател на некоја музичка група, љубител на извесна марка. Сите тие (ние) функционираат по некои не дефинирани космички правила. Се врзуваме со за нас ни саканите идоли/марки безрезервно и безусловно. Уште у времето на класните првенства не гледав мој успех ако моите школските победат. Секогаш сум бил со сфаќање дека победата на некој спортист е негова лична и дека никој тој успех не го постигнува за мене, мојот град, мојата земја. Ете и јас како вљубеник на една ѓерманска фирма која произведува моторцикли ми е јасно дека дотичните не произведуваат убави и квалитетни моторцикли за ЈАС да се гордеам со тоа туку нај едноставно они произведуваат убави и квалитетни моторцикли за да дотичната фирма продади што повеќе парчиња моторцикли и со тоа заработи повеќе евриња. Тоа најдобро се осетува во приликите како пред некој ден, се обратив до фирмата која го произведила еден од моите моторцикли, со прашање за неколку “ситници“ кои не ме бендисуваат. И тогаш ќе видиш / осетиш колку една фирма со годишен обрт од 180’000’000’000 € и годишна заработувачка од 15’000’000’000 € ја интересира некоја си работа на некој си корисник на нивен моторцикал од неколку илјади евриња. Тука се вклучува “вештачката интелегенција“ и опслужувателите или поточно кажано слугите на компјутерите и ти даваат до знаење колку си вреден.

Ако не знаиш шо е по добро, прашај шо е по скапо! Стара панаѓурска мудрост. И пак авиончето под газ и правец Македонија, древна. И бидејќи ни се досади да возиме со саати прво до аеродром, ајде со швајцарските превозници и полетување од Цирих, у нормални услови ни саат врееме не ни треба до таму.
Аеродромот Цирих баш овие денови слави 75 години од отварањето, па така имав мислачки дека ќе биде гужви, демек има прослави, аеро/митинзи и сл. ама,  ништо од тоа не осетиме. Шест-седум пати поскапите авионски билети ги компензираме со близината на аеродромот, можноста за земање повеќе багаж кое е во цената на билетот и после незнам колку години со редовна линија – читај јадење и пиење во цена. Е сега, од »swissair« остана само »swiss«, а за борба на ефтини авиобилети од »swiss« (кој веќе не е швајцарски туку ѓермански) измислија буџет-фирма »edelweiss«.
Уште пред почеток на летот се осети дека фирмата нема швајцарски гени. Каснење од ненормални саат време и оброк во вид на кекс и една чашичка сокче. А ваму на интернетстраницата на која и самиот треба да чекираш наголемо пишува сакате луксузен или нормален оброк?!?!? Ајде, за некој ден па можеби ќе има подобра гозба.