Со многу ентузиазам, ама без сол и оцет, правец Европа.

И пак авиончето подгаз и правец Македонија. Уште на аеродромот Цирих се соочуваме со суровата и реалност. Полека ама сигурно човештвото се предава под контрола на машините и компјутерите. Секаде се поминува со QR-кодови, биометричките пасоши ги “чита“ вештачката интелегенција, само седумте франака за пола литро вода во кеш ги касира момето, по изгледот и говорот студент од источноевропските земји. Извиканата и секоја година фалена швајцарска авио компанија како во чест на дестинацијата на која ќе летаме, касни, така едно саат време. Нејси, полетаме. Пријавени за лет со оброк, од кога се достигна патната височина, добивме оброк! Во стил на “СДО“ од времето на ЈНА, само ногу по сиромшко. Една гурбија и сокче, не полна чаша, за да не се потураш. Ако, не е убаво ногу да се јаде навечер, смета на спиењето.

И така исправиме патот по автопатот “Братсво-единство“ или “Александар Македонски“ или “пријателство“, во секој случај автопатот е стар, ама за тоа има гланц нови дупку, квалитетни. Една делница од три-четири километри еве веќе четврта година како ја “поправат“. Автопат кој како автопат е одбележан и се наплаќа како нај квалитетен автопат, ама од друга страна со ограничувања на брзината со 50 или 60 км/ч !?!?!? Важно да се касира и нашите ценети пратеници од парламентот да можат да си наплаќат “патни трошкови’.

Не благодарно е да се лафе (пишува) за политичката состојба во Народна Федеративна Социјалистичка Поранешна Југословенска Република Северна Македонија. Значи полека треба да се прогласе за традиција, упорното тврдење-убедување дека сега уште малку каа ќе влезиме у Европа СЕ ќе блесне!!! Се ќе биде по арно. А турските серии треба да се прогласат за дел од Македонската култура, оти нели ни со турците и ако ни биле окупатори, нај убаво си го имаме муабетот. Деценијското верглање у место преминува во нормална состојба и за “не упатените“ како мене малку е не сфатливо како може да со години народот ги трпи ескападите на таканаречените политичари кои работат исклучиво за доброто на себе и најблиските им нивни.

Согледувањето, примањето на општата ситуација многу зависи и од личното расположение. Овој пат некако ништо не делуваше убаво. Секако, неколку моменти беа светли точки, а дружењето со блиските секогаш е мелем за душа. Ни Гроздоберот т.е. тоа што е наречено гроздобер не можеше да не расположе. До душа по зборовите на организаторот на гроздоберот беа собрани “ѕвездите“ на југословенската музика?!?!? кои само во Македонија имаат слушаност или сожалување па упорно ги величат. На втората вечер поради “друштвени“ причини застанаме на едно ќоше од плоштадот и имав “привилегија“ да слушнам како една од тиа “југословенски ѕвезди“ почна да пее и уште на втората строфа ја “анимираше“ публиката да ги пеат неговите стихови / нихт функционирен! Да тоа го имам доживено на неколку концерти, од кога артистот ќе ја “загрее“ публиката ја повикува да пее. Тоа и она кога некој комедијант ќе почне да ја “уклучува“ публиката се едни од причините да одамна веќе немам желба да одам на некои си концерти и представи… Ми се лоше, дури на повраќање ме тера кога некој преплатен артист пробува да ја направе интересна со тоа шо ќе “комуницира“ со публиката, абе пеј, лафи, за тоа шо си платен бе.
Ама тоа изгледа нова мода е постанато во сите сегменти на животот. Во сите кафани во кои бев овој пат добив салата не зачинета. Салатите богати и декорирани, ама не зачинети. Го мразам тоа, мразам кога јас како гостин и електричар по занимање треба да ја вршам работата на куварот. Сите сакаат да предадат дел од работата и ако може цела одговорност на друг.

четврток, 08:45, 21.09. Мала Богородица, лето Господово 2023то.
Наеднаш сé ќе биде поинаку од сега. Животна одлука. После 33 години лојалност и ангажираност во една фирма, не најдоме заеднички интереси со газдата, резултат – разделба. Ќе пробам да ги истуркам уште тие три месеци па добромисла од година со нови перспективи и радост кон животот (последните 5-6 месеци беа  “живот-компот“).

наскоро можеби ќе ги средам мислите и ќе продолжам со нешто разбирливо да пишувам….