Оти???

Есен.
Не ѓерманскиот град Есен туку годишното време есен, дојди. И со неа, есента, ни донесе тоа што и доликува. Магли, дождови, кратки денови и обавезното есенскиот умор и депримираноста. Моментално на повеќе полиња сум депримиран, не сигурен и разочаран. Живот компот, што би рекол Ване. АМА ќе преживејме, како шо вика Пане. Со денови, недели, мозокот работе на безкрајно многу “проекти“ се со цел да се го исправам патот, патот кој не беш којзнае шо, ама не беше трновит. У тиа процеси на користење на сивата маса, многу често наоѓам конфликти или дефектна логика, барем по мој станард.

Готхардштрасе, не во Артх на која живвеме, Готхардстрасе во Амштег, кантон Ури. Пред некој ден повторно поминав по неа. Улицата т.е. патот кој ги поминува Алпите. Ако не се тука и автопатот и железницата, ама до скоро, до преди 50 – 60 години единствената патна врска помеѓу централна Швајцарија и Теќино, југот на Швајцарија. Еее тиа неколку километри, шо се можат да раскажат кога би имале уста. За мене Готхардстрасе, тука над Амштег, правец Готахард, уште од првото запознавање ми беше симбол на човечката глупост. Симбол на тоа како властите, владите, законодавците, или можеби подобро речено господарите или илуминатите спроведуваат нив замисленото. Под Готхардштрасе кај Амштег поминува автопатот А2 или Е35 и од тука се искачува до најдолгиот тунел за патен сообраќај низ Алпите Готхард и поминува преку бројни тунели. Тунелите се како што доликува за автопат по две ленти во секој правец, до душа повеќето од овие “стари“ тунели немат трака за сопирање, ама се фисички одвоени по правец. И ПОГОЛЕМИОТ број од овие тунели се со ограничена брзина на возење од 80 км/ч . Тоа, ограничувањето на брзината во тунелите, горенаведените – законодавците, го образложуваат со “сигурносни причини“?!?!? Е тука иде Готхардштрасе кај Амштег, пробивана преди повеќе стотици години со ширина, на места, од четири метри (со бројки 4) и сообраќај во двата правци ја има таа привилегија да учесниците во сообраќајот кои ја газат тоа го прават со 80 км/ч !!! Значи ако две возила возат во ист правец на пат со две ленти од по три ипол метри се исто загрозени како и истите тие возила се сретнат од спротивни правци на Готхардштрасе и барат место за разминување… Толку за грижата на законодвците.

Истото тоа, тој терк, го терат и со цената на безнинот (и дизелот) на бензинските пумпи. Таман некаде ќе пукне у Светот и суровата навта на свецките пазари ќе се покаче за доларче ОП одма се поскапува бензинот/дизелот, поради поскапување на суровата нафта. Со месеци и долари може да опаѓа цената на сурова нафта на светските пазари, ама на бензинските не се толку агилни, а и неможат да ја намалат цената  ЗОШТО цената на суровата нафта не е “толку“ значајна за продажната цена на горивата ?!?!? БРЕ ?!? за минус не е значајна, а за плус само шо ќе помислат дека можеби ќе поскапе ОДМА поскапуват горивата.

За војните да не расправам, не е благодарно. Во секој случај во секоја војна има терористи и бранители. Е сега, оценката на тоа кој шо е, не следува по некои цврсто утврдени правила, туку им е на слободно именување од горе наведените, господарите со Светот.

И така јас и понатаму, додека не се смени моменталната состојба, ќе го загреввам мозокот со мисли од типот кој е смисолот на животот?
Зошто уедна ДЕМОКРАТСКА земја МОРА да плаќам за телевизија која не ја гледам.
Зошто у една земја која се декларира за социјална секој плаќа исто, триста, заработувал три илјади или три милиони?
Зошто …