Време за промени

Пред некој ден го “смениме саатот“, почнаме да функционираме по зимското сметање на времето (кое успад кажано било вистинското).
Пред некој ден на моторот му ги смениме гумите, нова марка – нова среќа?
Пред некоја недела ми го сменија серверот на моите интернет презентации.
За некој ден треба да ги замениме летните со зимски гуми на возилата.
За некој месец ќе треба да се смени работниот однос или само работата барем.

И така во овој период на промени и прилагодување на промените, убаво ни дојди традиционалното шетање по меѓите на лозјата покрај реката Рајна. Денот како нарачан за прошетка и “пуштање на мозокот на паша“. И овојпат поминувавме покрај големото буре на крајот од плантажите, ама сега му беше отворена врата и ајде, да ѕирниме шо буре е? И гледаш некои ентузијасти од обична бочва направиле мала библиотека со катче за читање ?!?!? Седнав на едно од двете столчиња, погледот ми прескокнуваше помеѓу сталажата со книги и редовите на веќе пожолтените лозја…

И тоа е тоа. Така човек сфаќа дека за да направиш неште убаво треба главата да ти е слободна. Да не се мислиш кога и како ќе ги смениш гумите на колите, дали гумите на моторот се потрефени, дали ќе се најде нова работа и кога, дали интернет страниците ќе работат стабилно или пак ќе почнат да зафркават … ?!?!?

И туку наеднаш нешто направи, штрак. Ми текна. Преди некоја недела додека не беше сигурно дали ќе проработат интернет стриниците како што треба или се ново ќе се прави, ногу ми беше криво шо никогаш до сега не сум правел сигурносни копии. А прибидејќи Веле беше одговорен за проектот “преселба на интернет страните“, они преработија во целосна форма и функција.

Ама јас првите можни моменти почнав се да копирам (така, по нашки старински, текст си е текст. Веле кажа дека има комплетни копии, ама…)
И така испаднаа интересни страници кои јас по мое ги скалушив како четиво за да некогаш кога имам време и мерак пак се потсетам на времињата минати.

А ако некој добронамерник, сака да ги убива долгите вечери по зимското сметање на времето, ќе има лектира која не е задолжителна ниту да се прочита, ниту да се запамти, ниту некоја поука ќе му биде наметнета. Само може да се примети дека со години вергламе у место и низ минатото…

»»» скромниот архив