моментот e 0.0000125 секунди.

  • глобал шатер
  • 120 слики во секунда
  • експозиција 1/80000 (0.0000125 секунда осветлување на сензорот)
  • семи актив возен построј
  • сдмс алфа
  • тфт дисплеј
  • квик шифтер
  • електричен куплунг

Последниве денови не поплавија со “новости“ на сите полиња од кои јас собирам инспирација и спокој. SONY ја претстави најновата фотокамера, со перформанси шо “не се од овој Свет“. Во можност е да направи 120 фотографии во секунда во полна резолуција и секоја “наострена“ со автоматски фокус.
По нивно сега моментот трае само 0.0000125 секунди.

Пред некоја недела BMW го претстави BMW R 1300 GS прапрапраправнук на мојот сакан G/S. Нормално со сите салтанати и електронски асистенти и помагала. На салонот во Милано (EICMA) сите лафат за електонска и “интелегентна“ суспензија, за ТФТ дисплеј, за поврзување на моторцикалот со смарт-телефоните, за “туристички ендура“?!?!?, за ретро моторцикли со најновите евро 5 стандарди.

Така си седам и си мислам… како бре до сега живееше виа Свет?
Кои предности ќе ги имаме ако наместо шест направиме 78 фотографии. ДА вероватноста да некоја од ни биде перфектно осветлена и остра ѓоа ваквоа, е ногу по голема. Шо ми значи ако со помош на “асистентот“ од трета во четврта сменам за 0.6 секунди по брзо?

Колку брзо веќе треба да ја трчиме оваа трка наречена живот?

Првата моја самозаработена и купена фотокамера беше Minolta Dynax 5000i. Автоматски фокус, и експозицијата од 1/2000 сек. Втората бидна Canon EOS 5, со невероватни 1/8000 и пет полиња за автофокусот со можност да “одбериш“ со поглед на нив !!!
Кога ќе се потсетам или помислам на досегашното мое фотографирање, ретко кога сум одбрал експозиција “побрза“ од едно 1/800. Дали поради тоа шо објективите кои јас ги имам не се НАЈ острите или затоа шо мотивите шо ги фотографирам не ми бегат толку брзо 🙂

Кога го пробував мојот “најнов“ моторцикал финиот продавач почна да ми ги објаснува копчињата на рачките со кои може човек да ја прилагоди амортизацијата на моторциклот, зависно од тоа дали еден, двајца или двајца со се товар седат на него. Плус прилагодувањето на моторот со тоа дали сакаш да возиш нормално, спортски или возиш на дожд? А да, плус и радио има.

Бев и сум уште технички заинтересиран, ама, во последно време се повеќе сум реалист и “лежерист“. Па така имам сфатено дека НОООГУ асистенти, “апови“, помагала и слично шо скапи ни ги продават или се не потребни или никогаш не употребени.

Ете на пример, кога ќе купиш нов моторцикал. И ги уклучиш и наштелуваш сите асистенти и програми, можеби ќе “лебдееш на патот и нема да осетиш ниту една дупка ниту една нерамнина на патот, давањето гас и кочењето е контролирано од соодветните системи и немаш гајле дали ќе шкрипат гумите или не, затоа што тоа нема никогаш да се случи, навигацијата т.е. патот немора да го гледаш оти тоа го преземаат гоогле, гармин & co.  …
АМА шо правиме ако се дупне гумата???

Ете и ваа година поминаме без големи промени на модусите и програмите на моторциклот. Уклучени се (и ако сами не се измешале) и уште се на “комфорт“ и двајца на моторот. Да секогаш е на двајца, зошто е баш добро така, кога сме двајца, убаво е и комфортабилно, а кога сум сам по тврдата амортизација е во полез, ако ме ударат митулавите и добијам нагон да ги гребам ногарките…. 🙂

И да, еве иде полека зима, време на ламбички и тмурни денови, експозицијата ќе забегува повеќе накај 1/8 или дури 8“,  а не 1/8000 или скраја да е, 1/80000