порано, се беше ….

Од кога умре Тито, сите сакаме да биде како пред да умре.
Од кога се оддели Македонија од Југославија имаше доста кои сакаа да биде како пред тоа.
Од кога помина короната сите сакаме да биде како пред тоа.
И јас многу сакам да биде како пред осум месеци.
Ама воа шо се вика живот, маршира напред и понекогаш не не прашува кој пат да го фане. Па така сакал неќел, човек мора да се прилагодува и да се праве дека е господар на судбината, па колку може најубавото за душата да си го праве.
И така денеска наострен со добромисла, наполнив батериите на две камери и правец Луцерн.

Не. Нема да биде како пред осум месеци, уште помалку како пред короната, а најмалку како во Титова Југославија.
Викат, времето лечи се. Ама раните кои сме ги собирале на ваа дуња не се лечат. Они се тука, наши и тоа е убаво така. Зошто шо ќе биде човек ако е ист како пред десет, дваесет, пеесет години? Времето не лечи рани. Времето не учи да живееме со раните и да со секоја нова рана стануваме посилни.

Може ќе ми треба уште некој месец, или година, да повторно бидам господар на моите рани и повторно Светот го гледам повеќе од убавата страна…

»»» Луцерн, 26.11.2023. Другото одење, давам чесен пионерски збор ци земем и статив!