дигитронче

После ланската “енергетска криза“ ваа година сме нападнати од “вештачка интелегенција“…

Вештачка интелегенција.

Künstliche Intelligenz (KI) по ѓермански
Artificial Intelligence (AI) по англичански

И пак. Машинеријата уклучена на нај јако. Вештачка интелегенција вака, вештачка интелегенција нака.
А нас не учеа дека човекот е нај интелегентното животно. Има и по некое друго, шо покажува некој степен на интелегенција, ама човекот е “совршен“.

Незнам кога испаднале првите електронски рачунала, ама во народот познатиот “дигитрон“ го сретнав некаде во основното школо, ногу одамна е тоа, минатиот век. Фасцинирани бевме како брзо (и точно) ги решава од нас напишаните “задачки“.
После му се чудеме и на “Deep Blue“ од IBM, ама он беше и поголема кутија! Па и денешните “интелегентни“ телефони заминаа …
АМА сето тоа се машини, внуци и правнуци на дигитрончето од четврто одделение, ама машини. Истите они работат со нули и еденици. Предноста на новите е шо имаат неколку пати (милиони) по голем капацитет на редење на нулите и едениците.
Исто и електронските “асистенти“ и автоматските “сервисери“ на кои веќе неколку години сме им веќе испорачани. Од некогашните “за германски стисни 1, за француски стисни 2, за италијански стисни 3, за англиски стисни 4 … поминаа на “интелегентни асистенти“ па ако гласот не ти е како на Атанас Костовски ќе си изнаправиш муабет со “електронскиот асистент“.

Вештачка интелегенција? Де ќе ве молам. Тоа сето се дигитрончиња кои ја имаат силата и од некој дозволата, да крадат, зимаат, поредуваат на ново и го продават како нивен производ, безкрајниот ред на нули и еденици.

И сето воа нема ич ни да ми е потребно или да ме интересира, ако пустото не почнеше полека и курвински да се мушнува во мојот и животот на не толку “интелегентни“ суштества, па како наа старата “ тивка вода брег рони“, не регрутираат во машинеријата наречена тотална контрола.