Нова година среќна!

Нема, не направив официјален осврт на годината број 2023.
И еве влегоме и во лето Господово 2024 то, и пак нема.
Ниту годишен избор на фотографии, ниту нај омилениот текст, ништо.

Во Швајцарската Конфедерација, ламбичките и лампионите почнуват да ги редат уште на почетокот на месец ноември, a има и испади на “емоции“ од поединци, кои уште по рано курдисуват со “прослава“ на новата година.

Тоа време на ламбички, колку и да е кичесто мене ми е убаво. Друго е бе човек, кога не е се како секој ден. Се радуваме на “доаѓањето“ на Новата година. И плус малку се појачува нагонот за фотографирање 😉
Само мене не ми е јасно, шо повеќе одбележуваме? Испраќањето на старата, истрошена, изветвена, скурчена година или доаѓањето на НОВАТА, среќната, перспективната, бериќетната година. Можеби украсувањето на карајот од годината е повеќе од психичка основа. Да се разубават досадните, долги темни денови од годината која ни грицнала уште едно делче од животот. Иначе ЗОШТО би се гаснеле лабичките, собирале елките и лампионите уште на трети јануари??? Нели бива да ги оставиме ламбичките барем до Св. Антониј, ако не може до Св. Атанасиј? Така стварно да се осете НОВАТА година дека и се радуваме.

Иначе Новата година ја пречекаме во братската и пријателска Бундес Републик Дојчланд. Дојди и таму на време, на 01.01. во 00:00 часот, ете ја дојди новата година. Шо се смени? НИШТО. Со човеците си честитаме нова година, ногу здравје, и то, и продолжиме да пииме пиво. Таа секунда, преминувањето од стара во “нова“ година не менува ништо, дури и цехот шо го правеме во старата година мораше да го платиме во новата! Да први први е убав датум за да човек почне со надеж дека новата бројка ќе биде добитна.

Новата година ми почна убаво, уште на втори први, Игнат Подигнат, се направи ситуација да можам да го извозам моторот и да направам десетина фотографии. Актуализирав архивот, ставив по некоја сликичка на ЊЊЊ, ама сето тоа без некој концепт и голема мотивација….

Гледам, последниот пишан збор некаде од средина на минатиот месец. Не дека нема шо човек да пише, ама утепува ноа кога се осеќаш не моќен, кога ќе го сватиш твоето (не)битие. Медиумите наголемо си ја штракаат својата агенда, “русите се терористи, а израелците се борат за слобода“, стујата шо лани ни ја покачија до небо заради “енергетската криза“ никако да секне, иднината е во “вештачката интелегенција“, на панаѓурите не примат пари, работодавачите си го ладат и си го “мерат“ како нив им одговара, во професијата многу повеќе се цене цертификатот од колку знаењето и здравиот разум,
АМА во НОВАТА година се ќе се управе, нели?

Ова пишување испадна како спасувчки/антидепресивен обид да се напише нешто, колку да не се одадам СКРОЗ на моменталните не угодности.
Ќе пробам да ја освежам и www.foto-gogo.ch а и на другите мои канали да ставам по нешто актуелно…. здравје,
НОВАТА година само што почна, и нели како нај нова, нај среќна ќе биде и нај бериќетна.

А ДА, на сите вас ви посакувам
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА,
СО ЖЕЛБИ ЗА МНОГУ ЗДРАВЈЕ,
РАДОСТ,
УСПЕХ,
БЕРИЌЕТ,
МИР,
СПОКОЈ,

се НАЈ убаво де.