60 км/ч

Почеток на деведесетите години од минатиот век.
Со саати се гази патот од Швајцарија, преку Австрија, во Германија, пак Австрија, влегуваш во Маѓарска да доприш до Србија.
После надолу лесно е, нели “браќа“.
Ама Хоргош, како они да се на одмор, а не ние да одиме на одмор.
Лев жмигавец и други саати чекање на Келебија. После еден куп саати влегуваме во Србија, ноќе е, дибоко у ноќта. Поминуваме Суботица која е во длабог сон. Ги поминуваме последните куќи од градот и даваш гас, желбата да допреш до регионалниот пат и стотината коњи го влечат ФОРД поштено. Како во некој филм гледаш табла потпрена на каменот до патот со ограничување 10 км/ч. И додека си помислил, која будала го оставила овој знак, ОП еве го чичко милицајот, рипнува пред кола!
“друже (оште не беме господини у тоа време) возили сте 38, а дозвољено је 10!“ ги покажува бројките на “радарот“
Како да се бунам или да му кажам дека не му е исправен радарот? Јас мислам не беа 38, нај малку 85 беа… Ама нејси, со 10 дојче марк се заврши работата да не се оде кај судија за прекршоци и да се чека до понеделник… (ефтино се поминуваше у тоа време кога на плавите фиќиња пишеше “милиција“)

После со годините и километрите испогазени по патиштата утврдивме дека има ограничувања на брзините и од 5 км/ч и од 10 км/ч и од 20 км/ч, а нај симпатични ми се они во Македонија на автопатот кога е ограничен на 60 км/ч!!! Значи треба ди бидеш потполно концентриран, ТОЧНО 60 да возиш. Оти знакот вика не смееш повеќе од 60 да возиш, а законот пишува на автопат не смееш да возиш помалку од 60!!! Сите тие ограничувања се користат во зависнос од колку по не способни се властите да го средат или направаат патот.

Во ногу наврати имам пишувано ( https://www.ristovski.ch/2023/10/20/1898/ ) и незнам колку пати лафено на маса, ама уште не можам да прифатам како не работат се со прекривката сигурност?!?!?
Сета не способност на поединци, локални или државни власти се покрива со ограничување. Конкретно на патиштата, ако општината нема пари да го поправи или направи патот, ќе го ограничи на 10 км/ч. Нормално, на многу возила у денешно време километражата не ни покажува 10 км/ч,  АМА ако се случи нешто на тој пат – крив си! Не си ја “прилагодил брзината на движењето спрема условите на патот“!!!

Швајцарска Конфедерација, Лето Господово 2023то. После незнам колку години (изградбата траеше шест) се дава на користење третата тунелска “цевка“ од тунелот Губрист со три ленти за сообраќај, и ОДМА се ограничува на 80 км/ч. Тоа што е нај модерниот нај сигурниот тунел не важи, ниту пак тоа што по старата “цевка“ во другиот правец со само две сообраќајни ленти и 5-6 метри по тесна цевка може (ако нема гужва) да си возиш 100 км/ч.
Есента 2023, во тунелот Аих, кој со години го поминуваме возејќи до Македонската Првославна црква во Триенген, се случи сообраќајна несреќа. Само со материјална штета. Уште следниот ден, знаците беа уклучени на 80 км/ч. И до ден денешен, кога одиме во Тринген тунелот Аих треба да го возиме 80, а на враќање може 100 ?!?!?

Стварно, во тиа неколку години колку што сум во Швајцарската Конфедерација, бројот на возилата се зголеми, драстично. АМА во денешно време “секоја будала смее да вози автомобил“ (зборови на мојот бивши колега Петер).

»Distanzregler«
»Abstandsregeltempomat«
»Spurassistent«
»ABS«
»ASR«

Разноразни “епови“ и ЏиПиЕс ови , асистенти и помагала, по некогаш не можат да ја неутрализираат човечката глупост и изгубеност.
Доживеав со мои очи да видам и со мои уши да чујам како “професионален“ возач на тешко товорно возило (во народот познато како камион) не беше во состојба (немал слушнато!!!) да ја исклучи автоматиката на менувачот на камионот и го уклучи во втора брзина!?!? Секојдневно се сретнуваме со возач(к)и на автобуси во градскиот сообраќај кој после неколкудневен курс постануваат ШОФЕРИ на автобус !?!?! До пред некоја година да добиеш возачка за автобус требаше да имаш неколкугодишно искуство како шофер на камион па после добра обука и вистински испит, а не само да бидеш “разочарана домаќинка“, да допреш до категорија Д.

Но таков е Светот. Денешен. Се бара еламе! Со соодветниот цертивикат/свидетелство може да почниш ОДМА да работиш тоа за кое си добил (или купил) цертификат. Искуство, знаење, здрав човечки разум, Ц. Никој не цени. Церификат се сака, за утре секој биде оправдан или ја маане одговорноста од себе. И да, да може во “коцката“ цертификат да стави “Х“. Со тоа одма соодветниот “ЕП“ и “вештачката интелегенција“ ќе те прифати како погодна единка за соработка или примање на упатства од машинеријата!

Ете, поминуват полека сите Божиќи и празници, да полниме батериите на “интелегентните телефони“ и од утре повторно у машинеријата наречена “секојдневие“